Кога општината ќе одлучи дека ќе го земеш презимето на мажот

Сецирање на една фрустрација. Автор: Зомбијана. На кратко, се омажила и решила да го задржи презимето. И историско станува, а многу е блиску до нас, без разлика што овде се работи за Црна Гора.

Што се случува кога ќе го земеш презимето на сопругот (во Црна Гора):

  • Се потпишуваш во матична книга на венчани со новото презиме.
  • Имаш рок од 7 дена да ја пријавиш промената на презимето во МВР.
  • После пријавувањето на промената на презимето, мораш да ги замениш сите документи, од лична карта, до банкарска картичка затоа што со промената на презимето стануваат неважечки. Овие промени бараат многу време, ама и пари.
  • Те подржува околината затоа што така треба (ако сама си одлучила, тогаш и навистина така треба).

Што се случува ако го додадеш презимето на сопругот (во Црна Гора):

  • Се потпишуваш во матична книга на венчани со новото презиме.
  • Имаш рок од 7 дена да ја пријавиш промената на презимето во МВР.
  • После пријавувањето на промената на презимето, мораш да ги замениш сите документи, од лична карта, до банкарска картичка затоа што со промената на презимето стануваат неважечки. Овие промени бараат многу време, ама и пари.
  • Ќе добиеш кревање на веѓи на двете презимиња и често користење само на неговото презиме.

Што се случува ако не го земеш презимето на сопругот (во Црна Гора):

  • Се потпишуваш во матичната книга на венчани со твоето презиме.
  • Немаш законска обврска за пријавување на нови лични податоци.
  • Не мораш да ги менуваш документите додека не ти истечат.
  • Мораш да се правдаш зошто тоа си го направила, која е причината, која е поентата тогаш да се венчате (реално, не мораш ни тоа).

Што ми се случи мене:

  • Се венчав во февруари со еден цар и не го земав неговото презиме. Од него добив само подршка за таа одлука.
  • Пред два дена, после скоро една година, ја подигнав сообраќајната дозвола со неговото презиме.
  • Кажав дека не се презивам така, вработената на шалтер ми вика со смеење дека ќе морам така да се презивам година дена, до истекот на сообраќајната.

Не е смешно и нема.

  • Одам во општина. На шалтер е матичарката што нè венчаше. Таа ја направила грешката во системот. Грешката, цитирам, ја направила „по инерција, затоа што сите го земале презимето на мажот“.
  • Ми издава поправен извод, но тоа не е доволно да се поправи грешката. Тоа го дознавам дури во МВР, па во два часа бев по три пати во овие прекрасни институции.

Зошто овој настан боли и предизвикува стрес:

  • Одлучив, нималку лесно, да не го земам презимето на човекот кој најмногу го сакам, за да дознаам дека поради нечие невнимание таа одлука не се ни важи.
  • Отворив фирма со презимето Вешовиќ.
  • Поминав граница, а не ни знаев дека се презивам поинаку (што по закон е прекршок, без разлика дали сами сте го смениле презимето или по грешка).
  • На избирачки список се водам под „лажно“ презиме.
  • За малку ќе предадев документи за виза за САД. Ќе ме одбиеја или ќе ме пријавеа за „лажни“ документи.

По инерција, туѓата грешка требаше да ја поправам јас, како да немам живот, работа и обврски. А и да ја платам.

Така што, ништо не ми беше смешно.

Како го решив проблемот:

  • Прво се исплакав од бес и немоќ.
  • Пратив мејл на секоја адреса што ја најдов на сајтот на општината.
  • Вчера за половина ден сè беше решено и поправено, без мене и без трошоци.
  • Благодарам на општината на брзата реакција, ама ова ќе се важи само ако би го направиле тоа и за жена што нема следачи колку Подгорица жители.
  • Веројатно во спротивно би чекала со денови, ако не и месеци на решение на оваа грешка. Тоа го знам сигурно затоа што не сум имала отсекогаш толку следачи и можност за видлив глас.

Она што уште повеќе ме растажува е што, според вашите пораки, ве има многу со вакво искуство и дека сте се откажувале од своето презиме поради папирологија.

Дали жената ќе го земе, додаде или ќе го задржи своето презиме е само нејзина одлука. Секоја од овие опции е валидна.

Презимето е дел од идентитетот, па одлуката што ќе направиш во врска со тоа е важна и тешка сама по себе. Многу е гадно чувството кога некој ќе ја донесе наместо тебе, па и по грешка.

И на крај, грешки се случуваат. И јас тоа навистина го разбирам. И јас грешам во својата работа.

НО.

(затоа што постои но)

  • Оваа грешка 99% не му се случила на ниеден маж оваа година. Никој по грешка не го впишал презимето на сопругата.
  • Оваа грешка, цитирам пак, се случила „по инерција, затоа што сите го земаат презимето“.
  • Оваа грешка сериозно можеше да ми го наруши квалитетот на животот.
  • Оваа грешка ме понижи како жена, затоа што и на денот на венчавката морав неколку пати да ја потврдам мојата одлука.

Јас сум Андријана,

презимето ми е

Вешовиќ.

26 октомври 2022 - 00:01