Иднината на порното е небинарна?

Новите изведувачи ја трансформираат индустријата, порното го прават поинклузивно, поекспериментално, а за некои и многу поинтересно.

Макс Капасити, самопрогласен „дебел квир транс/небинарен перверзњак“ е креативниот директор на АОРТА, наградувано филмско студио што прави кратки филмови еднаш месечно, а опфаќаат квир-експерименти и порнографија. Почнал како кореограф, со експериментални дела, но бил љубопитен да истражи и други начини на кои можат да функционираат телата. „Експериментирањето е централно,“ вели Макс. „Играње, истражување, иновација. Се движиме од супер-заебанција до БДСМ. Креираме нов тон и нова леќа, затоа што тоа ја отсликува флуидноста што е центар на нашиот идентитет.“

Основачката на домашната порно-платформа Ластери, Полита Папел е еден од создавачите на микро-документарецот PornograHERS, кој ги слави женските и небинарните порнографи и ги претставува и АОРТА. Папел забележува дека има толку многу небинарни филмаџии, што е невозможно да се вклопат сите во 10-минутен документарец.

„Има огромен пораст во интересот за небинарно и квир порно,“ вели Полита, која претходно била изведувач, а сега е фокусирана на правење филмови, меѓу кои и филмови за возрасни. „Почнав во оваа индустрија во 2013, а оттогаш дефинитивно има промена. Работите се отвараат, исто и дистрибутерите, особено кога станува збор за машката бисексуалност. Мислам дека има повеќе разбирање за варијантите и комплексноста на човечката сексуалност и полека се кршат табуа.“

Ластер и АОРТА работат на модел со претплата, со наплаќање членство на месечно ниво, слично како Нетфликс. Содржините се секакви, со секакви тела, перверзии и фантазии. А со прикажување на комплексните страни на човечката сексуалност, порното еволуира во нешто повеќе од проста форма на забава. Станува алатка за кршење на штетни и сексистички начини на размислување.

„Старите, мизогини погледи на сексот и порнографијата, на жената гледаат како на пасивен учесник. Од таму и импликацијата дека жените треба да бидат заштитени од порното и самата сексуалност. Но, што се случува кога во филмот има жена и три небинарни личности? Тогаш што ќе кажеме? Тогаш гледаме како таа логика, како бинарноста околу половите не мора да важи.“

Сепак, веројатно е фер да се додаде дека, на голема радост на досегашните конзумирачи и почитувачи на порното, класичното порно никаде нема намера да оди. За сега.

25 март 2022 - 00:01