„Емили во Париз“ лаже по малку, ама Париз е сепак забавен

Американка што работи таму како о-пер, кажува како нешто е погодено, ама во одредени моменти се извртува сликата за локалците.

Ајана Смит е од Аризона и има ТикТок за нејзината кариера што го следат 40.000 луѓе. Работи за семејство во предградие на Париз од октомври, 2021, што ја плаќа 100 евра неделно за чување на децата. Освен платата од 400 евра, за која вели дека е „мала, но 1000% вреди“, семејството ѝ ги покрива трошоците за смештај во семејниот дом, има домашно-зготвени оброци, што значи дека може да јаде со нив или сама, ѝ плаќаат телефон и месечна карта за сите видови транспорт.

Преку ТикТок објавен на 20 јануари, пишува,

„Сите велат: Емили во Париз е многу нереално, никој не живее така,“ по што следи компилација од шетање, шопинг, журки и други атрактивни слики и клипчиња. Сепак, горе, над видеото пишува: „Лажам, ама сепак е забавно.“

@postcardsfromayana I’m lying but it’s still a great time lol. #emilyinparis #americanabroad #americaninparis #movingabroad #blackgirlstravel #travel #aupair ♬ Mon Soleil (from "Emily in Paris" Soundtrack) - Ashley Park

На прашањето дали се препознава во ликот - млад професионалец во областа на социјалните мрежи што го игра Лили Колинс, која неочекувано од Чикаго се сели во Париз, Смит вели дека некои работи важат, но главно е неточно.

„Дефинитивно се препознавам во Емили, во поглед на тоа дека ниеден час по француски немав посетено пред да се преселам во Париз,“ вели таа, додавајќи дека се мачела и со јазикот и со специфичниот хумор. Вели и дека серијата ги претставува Французите како стереотипите за кои обично се слуша, како на пример дека се непријателски настроени или груби.

Вака некако се чувствуваат и самите Французи. Фабијан Рандан, новинар за култура негодуваше со:

„Беретките. Кроасаните. Багетите. Агресивните келнери. Љубовниците и швалерките. Бирајте клише за Франција и Французите и ќе го најдете во ‘Емили во Париз’.“

Смит вели дека серијата игра со фантазијата за тоа како е да се преселиш во Европа, наместо со реалноста. „Животот на Емили е она за кое Американците сонуваат кога ќе помислат на Американка во Париз.“

Лукас Браво, што го глуми Габриел во серијата, дури и признава, ама не го гледа тоа како толкав проблем, затоа што нема шанси да успееш да прикажеш сè.

„Мислам дека се во право, на некој начин. Играме клишеа и еден единствен поглед на Париз. Париз е еден од најразноликите градови во светот, дом на многу различни националности и соседства. Цел живот не би ти бил доволен за да знаеш сè што се случува таму.“

22 февруари 2022 - 13:22