Да не сте вие „Двајт“ на вашето работно место?

Три знаци дека си досада што сака да става ред и да дели правда на работа.

Забележувате кога некој доаѓа на работа? Колку долго го нема кога е на пауза? Сте биле кај шефот да дискутирате за колега што го третираат нефер?

Може мислите дека однесувањето ви е одговорно и дека помагате, но најверојатно ни колегите, ни претпоставените нема да се согласат со вас. Многу се поголеми шансите да сте Двајт од „Офис“.

Кети ДеСелес, професорка на универзитетот во Торонто има книга со наслов Vigilantes at Work: Examining the Frequency of Dark Knight Employees, каде што „виџиланте“ е одмаздник, херој некаков (каков што Двајт мисли дека е) и вели дека ваквите типови се сметаат себеси за поморални од обичниот човек. И без разлика што повеќето го мислиме тоа за себе, овие луѓе се многу поуверени во тоа и поригидни.

Овој мајндсет знае да тргне наопаку - колегите ќе почнат да те гледаат како досада, а менаџерите како издаица што само им отвора работа.

Првиот знак е кога сте многу насекирани што прават другите - нонстоп ги проверувате, гледате до каде се, колку време поминуваат во и надвор од канцеларија. И упорно (многу) ве нервира кога некој не работи како што треба.

Втор знак е кога се лутите кога некој „прекршува правила“. Обично се знае, некој доцни многу, некој малку, ама сигурно нема да трчаш кај некаков менаџер да пријавуваш. Е, ако сакаш и дури и отидеш да пријавиш, не е добро и си Двајт.

И третиот знак е кога ќе забегаш до тој степен, сам да си земеш обврска да го искараш колегата. Ти се чини дека никој не го дисциплинира, па „мораш ти нешто да направиш“. Ова не значи секогаш да одиш во служба за човечки ресурси, значи да му се занесуваш на колегата дека задоцнил или нешто згрешил, а никако не е твоја работа.

Ако се препознавте - чекор наназад. Можеби дури и неколку чекори наназад. Фокусирајте се на сопствените задачи и освен ако работата на колегата не е директно поврзана со вашата, апсолутно не треба да ве интересира како ја врши. Освен ако колегата не прави свињарник од тоалетот и се прави на тошо ио други слични непријатности - нема како да влијае на вас.

Супериорните вештини за набљудување и забележување искористете ги за нешто фино и забавно.

27 јуни 2023 - 10:42