Како во Македонија барањето почит стана омраза

Навидум небитен детал од политички дуел. Небитен, но открива колкава количина субмисивност има во некои политички кругови која оди паралелно со една арогантна гаслајтинг офанзивност сите други да се чувствуваат виновни за нивните промашени проценки и одлуки.

Лицето А:

Какво пријателство? За кое пријателство говорите ако некој ме уценува? Тој што ме уценува, мене не ми е пријател. Ако ме почитува, ќе ме почитува и со име и со презиме и со држава и со јазик и со сè.

Лицето Б:

Што позитивно добиваме ние од ваквото сеење омраза?

Наравоучение: Лицето Б е цреп.

16 јуни 2023 - 10:19