На Филип Втори им направивме сајт каков што заслужуваат

По онаа нова импресивна зграда и целото чудо од технологија и знаење кои во неа се пуштени во функција, природно беше што Жан Митрев и Специјалната болница Филип Втори посакаа и соодветен веб сајт.

Го имаат. Нивната нова веб зграда на која Трендоленд работеше минативе месеци е робусна, стабилна, оптимизирана и најважно од сè - лесна за снаоѓање и навигација. Последново, со други зборови: лесно да ја препознаеш маката што ја имаш, да најдеш кој ќе ти помогне и да закажеш преглед.  

Го мигриравме нивниот претходен материјал на новата платформа, а имаат и многу нови активности (се зачудивме што сè прават таму околу здравјето и едукацијата). Забревтана и професионална е таа екипа, го видовме тоа и од соработката околу сајтот. Професор Митрев може да биде горд на сето тоа. 

Техникалии: Php+ Drupal, респонсивен дизајн, колорен спектар соодветен на жанрот и нивното ново лого (детали: Drupal CMS на nginx веб сервер, MySQL база на податоци, Memcached за кеширање, Apache Solr за пребарување....)

Да не замараме.

НОВИОТ САЈТ НА ФИЛИП ВТОРИ Е ТУКА

18 октомври 2016 - 09:23