Жена од Охајо тврди дека хомосексуалност се лечи со расол

Жена од Охајо тврди дека ферментиран сок од зелка може да „излечи“ хомосексуалност и поради тоа се најде „под лупа“ на државниот обвинител.

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот А1он.

Џулијан Еперли (44) исто така тврди дека овој напиток може да го запре и процесот на стареење, лечи аутизам и Даунов синдром, предизвикува раст на екстремитетите и органите и на крајот додава дека ЛГБТ животниот стил е можна мутација на репродуктивниот ситем која испраќа измешани сигнали до мозокот.

Та тврди дека во центарот на оваа „болест“ се наоѓа паразит во стомакот наречен кандид и затоа препорачува сок од зелка како решение.

Рецептот за нејзиниот сок вклучува сол, вода и зелка, ферментирано со денови на собна температура.

Дневно треба да се пијат 3,7 литри од овој сок, според Еперли за телото да се ослободи од штетните организми.

Таа нема никакво медицинско знаење или праска, но добива се поголема популарност на социјалните мрежи.

По големиот број поплаки за нејзините тврдење, канцеларијата на државниот обвинител ги проследи жалбите до Државниот медицински одбор во Охајо и презеде мерки, односно побара од Еперли докази за точноста на нејзините тврдења.

4 ноември 2021 - 13:22