Резултатите се фантастични: Пробајте го овој напиток, и преку ноќ изгубете половина килограм!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Шило.

За да му помогнете на организмот да продолжи да ја вари храната дури и кога спиете и со тоа да го забрзате метаболизмот, потребно е да направите неколку работи.

За почеток неколку дена пред спиење немојте да јадете ништо, а потоа непосредно пред спиење подгответе напиток од следните состојки:

-половина цеден лимон

-лажичка сецкан магдонос

-малку цимет

-половина лажичка оцет помешана во 250мл вода.

Само додадете ги состојките и измешајте

Доколку не ви одговара вкусот, можете да додадете мед или ѓумбир.

Доколку се придржувате до правилата , би требало наутро да се разбудите половина килограм полесни, а можеби уште поважно е тоа што воопшто нема да бидете надуени и отечени.

Уште побрзи резултати би добиле доколку вечерата во потполност ја замените со овој напиток, но дури и доколку не го сторите тоа, по месец дена упореба ќе бидете видно послаби.

23 јануари 2017 - 08:52