ФОТО: Отворено игралиште за кошарка на улица „Косовска“ во Штип

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Курир.

Игралиштето за кошарка на улица „Косовска“ во Штип вчера попладне беше предадено во употреба од страна на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

basket st-500
basket st-500

Станува збор за руинирана локација која со мала инвестиција е претворена во корисна површина за децата од овој дел на градот. Помладите долго време бараа спортски терен за да можат да имаат место за игра и забава.

basket st-1-500
basket st-1-500

- Мора да кажам дека ова претходно беше локација која важеше за наркоманско дувло. Ние успеавме со мала инвестиција да ја адаптираме локацијата. Поставивме клупи за одмор, цементиран е дел од површината, поставена е нова висока заштитна ограда и еден нов кош, со што се отворија можности помладите членови на оваа улица да играат баскет, а повозрасните да одмораат на клупите и да уживаат во најубавиот поглед на Штип, истакна Захариев.

basket st-3-500
basket st-3-500

Теренот за кошарка го носи името „Цар Самоил“ и на него вчера играа децата од улицата облечени во маички со истоимениот наслов а настанот го збогатија и играорците од КУД „Ристо Донев-Учителот“. Градоначалникот најави и нови рекреативни содржини на уште неколку улици во овој дел на градот.

basket st-2-500
basket st-2-500

 

17 април 2014 - 09:18