Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Коментар.

Апокалипсата се појави на Земјата. Една земја го доживеа крајот на светот. Половина Венецуела потона во потполна темнина.

Огромни региони од државата останаа без електрична енергија откако настана големата несреќа. Според зборовите на претседателот Николас Мадуро, тоа е мистериозен феномен.

Сеуште не е јасна причината која довела до оваа вистинска апокалипса. Па и не се знае каква штета довела до запирање на метрото во главниот град Каракас, што предизвикал огромен метеж. Ништо не работи, коментираат локалните жители. По улиците не работат семафорите, продавниците се затворени, домовите тонат во мрак.

Хаваријата започнала околу 13 часот по локално време. Таа го зафати главниот град Каракас и некои од другите големи градови во државите Лара, Ансоатеги, Миранда, Сулија и Баринас кои се наоѓаат во северозападниот дел на Венецуела .

Од своја страна опозициските политичари ја обвинија владата дека штедела средства и не ги сторила потребните инвестиции во енергетиката. Токму тоа, според нив, довело до прекините на струја во половина Венецуела.