Италијански рецепт

Мини лазањи

Интересна верзија на популарниот специјалитет.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 главица кромид, исецкан
  • 2 чешниња лук, исецкан
  • 600гр. мелено говедско месо
  • 400гр. излупени и исецкани домати
  • 4 печени пиперки, излупени и исецкани
  • 2 листови за лазањи, пресечени на 4 дела
  • 3-4 лажички свеж босилек ,ситно сецкан
  • 140гр. урда
  • 200гр. моцарела, рендана
  • масло за премачкување на садовите

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте со мало масло 4 мали огноотпорни садови за печење.
Загрејте масло во голема тава на среден оган. Пржете ги кромидот и лукот 3 минути со мешање. Додадете го меленото месо. Мешајте со дрвена лажица и пржете го месото 6-8 минути додека да добие кафеава боја.
Додадете ги доматите и пиперките. Зачинете со сол и бибер. Оставете ги да се готват уште 10 минути.
Во тенџере со зовриена вода гответе ги околу 10 секунди првите 4 парчиња листови за лазањи. Исцедете ги врз хартија и поставете по едно парче во секој од подготвените садови.
Ставете по 1/8 од мешавината од мелено месо во садовите врз лазањата. Зачинете со босилек. Одозгора додадете урда.
Потоа во тенџерето со зовриена вода сварете ги 10 секунди останатите 4 парчиња лазањи. Додадете по едно парче во садовите врз урдата. Листовите лазањи ќе преминат преку рабовите на тавчето.
Врз лазањите додадете го остатокот од меленото месо. Најгоре поделете рендана моцарела.
Печете ги лазањите 15 минути додека да се растопи сирењето и послужете ги веднаш.
На здравје!

23 август 2013 - 14:41