За љубители на јагнешко

Јагнешки ќофтиња

Вкусни ќофтиња со сос од павлака.

Време на подготовка:
45 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 650гр. јагнешко мелено месо
  • 1 јајце, лесно матено
  • 200гр. овесни снегулки
  • 2 печени црвени пиперки, излупени и истно сецкани
  • 2 лажици чили салса
  • препечен леб

Прелив

  • маслиново масло
  • 200гр. кисела павлака
  • сол и бибер
  • 1 лажичка оригано
  • 2 лажички сув магдонос

Подготовка

Во еден саад измешајте ги меленото месо, јајце, овес, печени пиперки и салса. Смесата добро замесете ја со раце за состојките да се распоредат рамномерно. Со навлжнети раце формирајте ќофтиња. Благо сплескајте ги за полесно печење. Ставете ги ќофтињата во еден сад и ставете ги во фрижидер 30 минути.
Загрејте ја скарата на најсилно и поставете врз решетките плех подмачкан со малку масло. Премачкајте ги ќофтињата со масло од двете страни пред да ги ставите врз плехот да се печат. Печете ги со повремено вртење околу 15 минути. Покрај ќофтињата на скарата испечете и неколку парчиња леб.
За сосот во длабок сад измешајте павлака со лажица маслиново масло. Додадете магдонос и оригано и добро промешајте. Зачинете го сосот со сол и бибер по вкус.
Послужете ги ќофтињата веднаш со топол препечен леб и сос од павлака.
На здравје!

14 септември 2013 - 13:39