За љубители на кафе

Мока крем

Вкусен десерт од чоколаден пудинг со кафе.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 ќесичка чоколаден пудинг
  • 500 мл. ладно млеко
  • 50 мл. црно кафе
  • 200 мл. хопла
  • 3 лажици шеќер
  • 1/2 лажичка ванила екстракт
  • 20 гр. чоколадо за декорација

Подготовка

Сварете го пудингот со млекото според упатството на ќесата. Одкако ќе се свари оставете го малку да се излади. Во меѓувреме во еден сад изматете ја хоплата во цврст шлаг заедно со шеќерот и ванила екстракт.
Одвојте 1/4 од шлагот за декорација. Остатокот добро измешајте го со изладениот пудинг и црното кафе. Добиениот крем распоредете го во чаши за сервирање и оставете го во фрижидер до послужувањето.
Пред да го сервирате декорирајте го со една лажица изматен шлаг од хопла и рендано чоколадо.

3 октомври 2012 - 07:00