Ново во "Книготека"

Манифестот на Манчевски

Кога Милчо еден ден ќе реши да престане да ни раскажува (со зборови, фотографии и подвижни слики), неговиот текст напишан за конференцијата под наслов „Филмот и верата" одржана 2011. (ха, во Ватикан), ќе биде еден значаен документ за неговите ставови, не само во врска со пишувањето и правењето филмови, туку и во врска со природата на создавањето уметност воопшто. Ја имаме на рафт во Книготека.

Парафразирана, познатата изрека на Буковски, дека треба да пишуваш само ако не можеш а да не пишуваш, во верзијата на Манчевски, а сумирана врз основа на овој текст, би гласела - создавај уметност само ако длабоко веруваш во неа, на начин на кој и другите ќе ти поверуваат. Тоа значи без фол, од стомак и од срце, зборувајќи за работи кои ја чинат с'ржта на животот, без оглед дали тој се одвива на улиците на Њујорк, на бреговите на Ганг или во кафана во Дебар маало.

Милчо Манчевски:
Вистина и прикаска: уметност и верба

31 јули 2014 - 15:31