Кога од шумата не можеш да ги видиш маркетите

Донеле забрана и за движење во шума. Забраната не е само за групи поголеми од петорица, од тројца, од двајца (па да ги осуетиш оние на кои би им текнало да се соберат на пикник и да пафтаат скари), туку ама баш за секој, и за шетач поединец. И тоа скромно, од 6 сабајле до 8 вечер. После 8 смееш, ама, не смееш, пошто е полициски час. Ако не можеш во шума поради забрана, ако не можеш околу зграда бидејќи клупите ти ги спакувале во најлон, ај па тогаш да тркнеме до Веро?

Балваните тоа го крстиле „делумна забрана за движење“. Казната е од 1.500 до 2.000 евра. Глупи едни.

17 април 2020 - 08:40