Студентите по етнологија и антропологија за #седидома

Сте оделе на свадби на кои не сте можеле да се приклучите на пајдушко? Не знаете како се држи 7/8 такт? Еве ви шанса да научите.

Студенти од прва година на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ, искусни играорци и песнопојци, одлучиле да споделат дел од своите вештини во овие видео туторијали. За општо ментално и физичко добро.

Засега имаат направено два, но секоја недела ќе освежуваат со нови. Тоа значи дека до крајот на кризава (да, навистина се надеваме дека ќе има крај) сите може бидеме подготвени за едно големо, славеничко оро со песна сред плоштад. До тогаш, вежбање по дома.

Браво за иницијативата и ентузијазмот!

Ема за удирање на дајре во 7/8:

Ленче за играњето пајдушко:

19 март 2020 - 20:47