„Сапиенс“ на Јувал Ноа Харари излегува како стрип

Историјата на човештвото ќе биде раскажана низ серија графички новели базирана на бестселерот на Харари.

На 27 октомври од печат ќе излезе стрип-верзија на бестселерот „Сапиенс: кратка историја на човештвото“, односно прв дел од него - „Раѓањето на човечкиот вид“.

Станува збор за 250 страници во боја, илустрирани од белгискиот цртач Дејвид Бандермулен и францускиот илустратор Даниел Казанејв, обајцата искусни во ова поле.

Oва ќе биде прв том од планирани четири, која на едноставен начин, разбирлив и за деца од школска возраст, ќе го покрие материјалот од оригиналната книга, која е продадена во 16 милиони примероци на 60 јазици, меѓу кои и македонскиот.

Еве некој вид трејлер за книгата, од која се добива впечаток за тоа како ќе изгледа визуелно:

24 октомври 2020 - 13:28