Професорка се секирала дека никој нема да го чита нејзиниот труд за алги па го споила со музика

Како звучи наслов на стручен текст „Влијанието на цветањето на алгите и уништувањето на коралните гребени врз туристичката индустрија на регионот“? Не многу атрактивно, нели? Но што ако истиот биде придружен со музика која ја доловува тагата од последиците на истото, а е компонирана токму врз основа на податоците од истражувањето?

Хедер О'лири, професорка по антропологија на Универзитетот во Јужна Флорида неодамна објавила труд за кој однапред знаела дека никој нема да го чита. Или барем не некој вон нејзината тесна област на интерес - влијанието на цветањето на алгите и уништувањето на коралните гребени врз туристичката индустрија на регионот. 

Ај што бил прилично стручен, туку трудот истовремено бил и прилично мрачен и песимистичен, а вклучувал следење на реакциите на посетителите на она што го виделе и доживеале во текот на нивното патување. 

„Дел од работата со месеци се состоеше во читање твитови: мртви риби, мртви риби, мртви риби“, се сеќава таа.  Секој ден јас и ко-авторите мислевме на Мексиканскиот залив и водите кои нè опкружуваат, за ризиците по него и по нашата крајбрежна економија. 

Но откако била присутна на концерт на студентите од Музичката академија на спомнатиот универзитет, ѝ дошла една идеја. Во соработка со нив и со композиторот-професор Пол Релер, податоците добиени од истражувањето се претворени во музика. Студентскиот оркестар работел на ритамот, тоналитетот и траењето на податоците и така содржината оживеала, на сосема поинаков начин отколку што тоа се случува на хартија и во таблици. 

Излегло дека студентите по музика можеле да детектираат шеми кои самите автори не ги увиделе. Плус, на овој начин целиот проблем се доживува и сетилно, со различни делови на умот и телото. 

Групата се нарекува CRESCENDO (Communicating Research Expansively through Sonification and Community-Engaged Neuroaesthetic Data-literacy Opportunities) и таа сака да ја прошири свесноста за цветањето на алгите, писменоста за толкување податоци и демократизирање на науката. 

А еве ги и концертот со музиката од статијата:

5 април 2024 - 12:59