Приказната за „Инает куќата“ во Босна

Денес е ресторан со традиционални босански специјалитети и со необично име. „Инает куќа“ навистина постои благодарејќи на инаетот на нејзиниот поранешен сопственик.

Кога во Босна дошла на власт австро-унгарската монархија, таа во Сараево изградила голем број објекти, како Поштата, Националниот музеј, Правниот факултет и други. Но кога започнале со градбата на Градското собрание, е тука работата заглавила.

Локацијата за изградба на овој значаен објект требало да биде на десниот брег на Миљацка. Монархијата сакала зградата да биде нешто невидено до тогаш во Сараево и во регионот, и на тој начин да ја покаже својата моќ. Ова подразбирало и демолирање на околните куќи, меѓу кои и една на стариот сарајлија Бендерија. Тој не им дозволил да му ја срушат куќата за да си го сочува „внатрешниот мир“ која таа му го овозможувала. По долги преговори, како услов да се согласи, тој побарал ќесе дукати, како и тоа неговата куќа да биде пренесена, цигла по цигла, камен по камен, на другата страна на Миљацка. 

Виделе-не виделе властите решиле да направат како што барал. Од тогаш куќата на Бендерија е позната како „Инат куќа“, а таа според сопствениците е се уште тука за да им се спротивстави на сите власти, како симбол на босанскиот отпор. Во 1997 е трансформирана во традиционален босански ресторан. 

Aрхитектонски таа ги содржи препознатливите детали на босанската куќа од османлискиот период, но со низа необични детали, како прозорци на ниво на подот. Вертикалниот простор е раздвоен со меѓуспратови кои се поврзани со отворени скалила. Сето ова прави ентериерот да изгледа како игра на вертикални и хоризонтални простори, како на графика на Ешер, но и со интимни удобни простори со погледот отворени кон Баш Чаршија. 

26 август 2022 - 15:34