Пред Барби: фијаското со Малата госпоѓица Безименка

Во 1965 компанијата Хасбро на пазарот вади кукла која треба да е антитеза на гламурозната Барби. Не е ни чудо што денес таа е заборавена, затоа што многу бргу се покажало дека целата идеја е промашена.

Дизајнирана од Дит Д'Андраде, Малата госпоѓица Безименка била инспирирана од сликите на американската уметница Маргарет Кин, оние со деца со големи очи (кои долго време се воделе на името на мажот ѝ, кој ја експлоатирал - види претходна Букбокс статија тука). Куклата била без чевли и облечена во нешто што личело на вреќа со закрпи, која се држела на место со безопасна.

Со големите тажи кафени очи од кои паѓала пластична солзичка, несредената руса коса и лик кој оддава страдање, таа била моделирана така што со крената рака изгледала како да проси. Печатените реклами содржеле песничка:

Таа нема убав фустан.
Таа нема чевли.
Таа дури нема ни дом.
Сè што има е љубов.

Купувачите биле повикувани да ја земат дома и „да ѝ ги избришат солзите“. 

Куклата на полиците издржала неколку години, но продажбата била многу слаба. Не помогнало ни кога куклата се нудела со попуст со некакво инстант чоколадно млеко. Денес останува популарна кај колекционерите на стари играчки, а неотворените („минт“) верзии се продаваат за илјадници евра. 

21 септември 2023 - 20:39