Новообјавени фотографии од македонските Евреи-жртви на холокаустот

Збирка фотографии од Централниот архив за историја на еврејскиот народ ги документира животите на илјадници жители на Монастир (Битола), испратени во Треблинка во 1943.

На блогот на Националната библиотека на Израел неодамна се појави статија со која се обележуваат 77 години од трагичното исчезнување на една под последните ладино еврејски заедници од Монастир (Битола) кој во текот на Втората светска војна бил дом на 810 еврејски семејства.

Оваа заедница на сефарди била една од најстарите во Европа. Првите доселеници пристигнале во Македонија во третиот и четвртиот век најпрвин во Скопје, Монастир, Струмица. Според блогот, во март 1943 бугарската полиција и војска извршиле рации низ цела Македонија, по што во Треблинка биле испратени и во смрт завршиле 7,144 Евреи. Единствени преживеани биле десетина млади момчиња кои кратко време пред депортацијата им се придружиле на партизаните.

Исик Мушон и Лана Исик Касарула

Фотографиите се всушност од фото албуми уредно подготвени од властите, кои на позадината на секоја од нив ги забележале имињата, семејните врски, професиите и адресите на живеење. На некој начин фотографиите по војната пристигнале до Израел. Сега тие, како и личните информации напишани на српско-хрватски и македонски, им даваат лик и име на жртвите. Помеѓу семејните презимиња документирани се Елухар, Ароести, Ашкенази, Бахар, Версано, Коен, Шазан, Морено, Калдерон, Кимчи, Русо и други.

Давид Бушур Хасон

Фотографиите се скенирани и поставени на сајтот на Потомците на македонските Евреи во Израел

2 јули 2020 - 12:34