Улично образование

Нобеловците меѓу народот

Леон Ледерман, добитникот на Нобелова за физика, на свои осумдесет и кусур си седнува на прометна улица во Њујорк и Чикаго и одговара на прашања на минувачите.

Street Corner Science е едноставен концепт промовиран од ScienceCentral според кој на случајни минувачи им се нуди можност да седнат со првокласни научници, и да им постават прашање во врска со науката, животот и универзумот.

Во ова издание Ледерман, кој ја доби Нобеловата во 1988 заедно со Џек Штајнбергер за нивното заедничко истражување на неутриното, одговара на прашања како „што е јака сила" и „што се случило пред Бинг бенг-от". Тој изгледа дека ужива, а и минувачиве се благодарни. Можеби немаме Нобеловци, ама па не сме без експерти. Фали само една масичка и две столчиња на плоштад.

16 јули 2012 - 13:38