Најдобрите од Гор Видал

„Не е доволно да успееш. Треба другите да не успеат."

Американскиот писател и политички активист Гор Видал почина во вторникот на 86, и меѓу другото зад себе остави куп луцидни изјави.

Опишуван како егоистичен, остар и зајадлив, но истовремено брилијантен во коментирањето на американската политичка и книжевна стварност, тој често ја опишувал Америка како „земја на тапост и дом на буквалното". Долго време живеел на италијанскиот брег, а се вратил во САД во 2003. откако починал неговиот долгогодишен партнер, со кого живеел 40 години. Еве некои од неговите ставови за животот:

„Никогаш не пропуштам прилика да имам секс, или да се појавам на телевизија"

„Нарцис е некој кој изгледа подобро од тебе"

„Секој Американец кој е подготвен да се кандидира за претседател автоматски треба да биде дисквалификуван од таквата можност"

„Демократијата треба да ти даде чувство на избор, на пример седатив икс, или седатив ипсилон. Всушност обата се само аспирини"

„Секој пат кога некој мој пријател ќе успее во животот, јас по малку умирам"

„Суетата е централен факт на американскиот живот"

„САД се формирани од најголемата нација во светот - и оттогаш не сме ја виделе"

„Енди Ворхол е единствениот гениј кого го познавам, со IQ 60"

„Секое добро дело не минува неказнето"

„50 проценти од луѓето не гласаат, а 50 проценти не читаат весници. Се надевам тоа се истите 50 проценти"

„Стил е да знаеш кој си, што сакаш да кажеш, и да не ти е гајле"

„Двата најубави зборови во секојдневниот јазик: „Ти реков!"

„Сексот е. Нема што повеќе да се каже околу тоа. Тој не гради патишта, не пишува романи и секако не му дава значење на што и да е друго во животот, освен на себеси"

„Нема такво нешто како хомосексуална или хетеросексуална личност. Постојат само хомо и хетеросексуални чинови. Повеќето луѓе се мешавина на импулси, ако веќе не и на практики"

„Кога некој ќе ме праша 'Дали знаеш да чуваш тајна?' ми иде да речам, 'Зошто би ја чувал, кога ти не можеш?'"

„Никогаш немојте да имате деца. Само внуци"

за Труман Капоте: „Републиканска домаќинка од Канзас, сосе сите предрасуди"
„Писателот секогаш треба да ја кажува вистината, освен ако не е новинар"

„Нема таков човечки проблем кој не може да биде решен ако луѓето едноставно прават онака како што јас им велам"

2 август 2012 - 11:24