Најзагрозениот звук на светот

Во свет кој никогаш не бил погласен, Гордон Хемптон поминал повеќе од 40 години зборувајќи за важноста на спасувањето на тишината. Ќе замолкне ли еднаш светот за да го, и за да ја слушне?

Во моментов на пишување на статијава, иако е седум наутро, во близина се слуша мешалка за бетон, ниски тонови на климатизери и брмчење на автомобили од блискиот булевар. Она што НЕ се слуша е - тишина.

Гордон Хемптон е акустичен еколог кој три пати ја има прошетано целата планета во последниве 41 година, во потрага по природните звуци кои исчезнуваат, а кои тој ги нарекува „џубокс напојуван од сонцето“. Има добиено награда Еми за документарецот „Хорот во мугри кој исчезнува“, кој зборува за какофонијата на звуците на зората кои оддекнуваат на шест континенти.

Сепак, звукот за кој тој е најзагрижен и за којшто тој мисли дека е најзагрозен е тишината. Според него кога се спасува овој ресурс за човечка благосостојба, тогаш се спасува и сето она што прави него да го нема - токсичните отпади, хабитатите на различните птици и животни, глобалното затоплување. Затоа што тишината не е отсуство на звук, туку стишување на сето она бормашинење, брмчење, ѕвонење и други звуци кои ги произведува човекот.

Токму затоа 68-годишниот еколог го има минато животот зборувајќи во корист на тишината. Неодамна тој го покрена Quiet Parks International, прва непрофитна организација од ваков вид, чија цел е да ги зачува последните природни звучни пејзажи преку тн. „тивок туризам“. Инспирирајќи ги патниците да бидат дел и од звучните а не само од визуелните контексти, Хемптон се надева дека ќе го промени начинот на којшто го „гледаме“ светот.

Дека вревата загадува не е толку очигледно како куп ѓубре крај патот кое смрди. Таа е невидлива, и не остава нешто позади нас што треба да го исчистиме. Сепак, на долг рок таа е штетна по нашето здравје, а последиците вклучуваат срцеви удари, висок крвен притисок, депресија. Таа може да биде одговорна за губиток од 1 милион години здравје помеѓу жителите на Западна Европа.

„Ако зборуваме за најздравите екосистеми кои постојат денес на планетата, ќе сфатиме дека тие се истовремено и најтивките места“, вели Хемптон. Тоа се места кои произведуваат кислород и каде загрозените видови не се загрозени. Здравите звучни пејзажи подразбираат и здрава животна околина, па ако сакаме да ја третираме вревата како саундтрак на климатската промена и загадувањето кое го произведува вревата, тоа ќе има ефекти врз секое живо суштество, вклучително и врз нас.

Тој има направено и некој вид експеримент со тоа што поставил камче на полјана во најсеверозападниот дел на САД, каде нема големи комерцијални аеро рути, најблискиот автопат е оддалечен 20-тина километри, a сè е влажно и покриено со мов што претставува некој вид акустична изолација. Тоа камче и неговата непосредна околина го нарекол „Еден квадратен инч тишина“ - ако може него да го заштити, со оглед на тоа дека авион во минување може да се слушне на радиус од повеќе од 1000 километри, тоа ќе значи дека заштитил не еден инч или неколку сантиметри, туку повеќе oд 2500 квадратни километри.

Види претходно:
„Звукот на тишината“ (2019)

14 јули 2021 - 08:09