- Пред да стане симбол на урбанистички судир, „Треска“ била практична, жива инфраструктура за младинската музика: фабрички клуб што во доцните 60-ти значел – сала, струја, озвучување, публика, ред. А во време кога вторaта генерација македонски рок-состави веќе е активна (1967), токму ваквите места ги држеле бендовите на нозе.
- Во социјализмот, работните организации/фабриките често функционирале и како културни центри: имале свои сали, мензи, клубови, синдикални структури и често поддржувале или домаќинеле настани (игранки, фестивали, младински програми, КУД-ови). Во многу градови „Домови на култура“ и работнички културни друштва се врзуваат токму со работни колективи и локални индустрии.
- Постојат и сведоштва за судири помеѓу младинската бучава (бит/рок) и организациските ограничувања – исклучени појачала, „жири“, „неутрална страна“, „врски“, „недозволена опрема како причина за одземање на место“ или бендовите кои биле организатори на настанот, да бидат и добитници на првото место.
- Проектот „Сликите на вкусот“ објавува отворен повик за млади уметници и фотографи на возраст од 18 до 35 години од Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија. Тој не бара само естетски фотографии од храна, туку визуелни приказни за ритуалите: месење леб, одење на пазар, семејни трпезарии и традиционално производство на вино и ракија. Целта е преку објективот да се документираат односите што се градат околу заедничката трпеза.
- Финалните трудови ќе бидат претставени на голема регионална изложба во Скадар, Албанија, во мај 2026, каде што македонските учесници ќе ги изложат своите дела заедно со врсниците од регионот – соопшти Mеѓународниот фестивал на алтернативна фотографија. Локален партнер одговорен за спроведување на проектот во Македонија е Фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“.
- Избраните учесници ќе имаат можност да ги развиваат своите концепти под директно менторство на Сашо Алушевски (Македонија) и Звездан Манчиќ (Србија). Програмата ќе се реализира во април и мај преку хибриден модел на осум работилници, кои вклучуваат работа на терен, индивидуални сесии и онлајн-менторство.
- Повикот е отворен до 10 април 2026. Заинтересираните може да аплицираат со фотосерија, есеј или со архивски материјали или со проектна идеја/концепт, кој допрва би го развивале. Апликацијата треба да содржи кратка биографија, опис на концептот и до 15 фотографии. Предлозите се испраќаат на photofestgrain@gmail.com.
- Во Музејот на современа уметност во Скопје, на 31.3 (вторник) со почеток во 20 часот, уметницата Тања Балаќ ќе го претстави својот нов проект „Телото што ја памти тишината“ – мултимедијално дело што ги истражува односите меѓу меморијата, тишината и трауматското искуство.
- Изложбата е конципирана како просторно и визуелно искуство составено од две целини: инсталација поставена во изложбениот простор и видео проекција во кино салата. Преку внимателно избрани и минималистички изразни средства – светлина, боја и движење – авторката создава амбиент кој поттикнува продлабочена перцепција и внатрешна концентрација кај посетителите.
- Во центарот на проектот е концептот на телесна меморија, претставена како тивко и често невидливо присуство што ги носи и трансформира искуствата, без нужно да се изрази директно или наративно. Делото отвора простор за суптилни и интимни состојби, овозможувајќи нивно силно, но ненаметливо доживување.