„Мемополис“ - германска друштвена игра со босански потпис

Знаете ли кои градби се препознатливи за Франфурт, Келн или Берлин? Сега можете да научите со помош на друштвена игра која неодамна ја креираа Дамир Башиќ и Емина Османовиќ од Сараево.

Во црна картонска кутија која е многу практична за на пат се наоѓаат 36  картички кои прикажуваат знаменитости од шест германски градови: Берлин, Хамбург, Келн, Минхен, Штутгард и Франкфурт. Тие се дел од нова друштвена игра, Мемополис, чија цел е да се детектираат градби кои припаѓаат на еден ист град и на тој начин да се промовира културното наследство. 

Така, Англиската градина и Новото градско собрание во Минхен се една од можните комбинации, или Брандербиршката капија и Темподромот во Берлин.

За да ја креира и пласира оваа игра за германскиот пазар, Дамир Башиќ од Сараево во Германија формирал своја фирма, Шиз Гејмс, а во процесот на креирањето се вклучила и неговата сопруга, Емина Османовиќ. Тие двајцата живеат од 2018 во Келн. Идејата за ваква игра им се појавила уште пред 9 години, но во Босна тогаш немало технички можности таа да се дизајнира и пласира. Така, „Мемополис“ е печатена и произведена во Чешка, а објаснувањата се на германски и англиски. Играта веќе може да се купи во ЕУ, а во Босна ќе биде достапна од крајот на мај. 

9 март 2024 - 09:10