Maсакрот кој довел до тоа мажите на еден мал остров да имаат свој јазик

Една британска експедиција од 19 век довела до истребување на сите мажи од мал остров во Микронезија. По заминувањето на бродот назад во татковината, мал број англиски морнари останале на него и создале дијалект кој децата и жените го разбираат, но самите не го зборуваат.

Во 1837 британскиот брод Лембтон пристигнал до Нгатик (денес Сапвуафик), мал остров во Микронезија. Со експедицијата раководел капетанот Чарлс „Крвавиот“ Харт, кој се надевал дека ќе преземе контрола врз вредните желкини оклопи кои ги поседувале локалните жители. По негова наредба, екипажот ги маскарирал сите мажи на островот, а морнарите ожениле голем број од вдовиците. Некои од нив се вратиле сосе новите сопруги во татковината, но на островот останале неколкумина европски и регионални членови на посадата, кои прогласиле Ирец по име Педи Горман за свој „поглавар“. 

Денес островјаните зборуваат дијалект на понпејскиот, микронезијски јазик карактеристичен за островот Понпеј во Микронезија. Но постои и друг јазик кој го зборуваат само мажите. Неговото име е „машки нгатикски“, а е опишан од Дарел Трион, сега починатиот а познат лингвист-специјалист за австронезиски јазици. Жените и децата на островот можат да го разберат (жените понекогаш го користат кога иронизираат или за забава), но тој примарно се користи помеѓу мажите кои се занимаваат со риболов и правење кајчиња. 

Нгатскиот е тн. „пиџин“ - граматички поедноставен јазик развиен од мешавина на локалниот дијалект со англискиот, кој по иницијалниот контакт сепак не доживеал преголемо влијание, бидејќи островот лежи далеку од главните трговски рути во регионот.  Токму затоа тој се разликува од сличните „пиџини“ во регионот кои се развиле во тек на долг период на континуиран контакт со „бродскиот“ јазик, и кои имаат голем број заеднички карактеристики. Генерално нгатикски-от е помалку англиски а повеќе домороден, но во себе вградува парче трагична историја на островот. Денес тој е конзервирана „историска трошка“ која паднала на ова место од брод на минување, ехо на гласовите на морнарите од 19 век.

17 јануари 2023 - 20:14