Ликовните критичари до Рони Вуд: „Ај глеј си музиката“

Човекот си е рокенрол аристократија, и му се може. На пример да си го вгради ликот во Пикасовата „Герника“. Критичарите ич не се воодушевени, ама тој оваа недела отвара изложба со над 100 сликарски дела.

Пасторални сцени од рурална Англија, трибјут на Пикасовата „Герника“, визуелизација на албумот на Стоунси „Банкет на просјаците“ (Beggar's Banquet) и уште стотина слики на Рони Вуд ќе бидат изложeни од 21.8 во Ашриџ Хаус, некогашна кралска резиденција, а денес луксузно одмаралиште и место за конференции, свадби и изложби. Меѓу нив и оваа на гитаристот на Стоунси, која ќе трае една недела.

Професионалните критичари засега се поделени, нарекувајќи ги „застрашувачки пастиши“ или „навредливи кон големите дела кои ги пресликува“.

„Тој зел едно од најтрогателните уметнички дела, очаен крик против војната, и го искористил како основа за ужасна фан-уметност, то ест за себепромоција“, изјавил критичар од престижното списание за уметничка критика Арт Ривју, мислејќи на фактот дека Вуд во славната „Герника“ ги вградил сопствениот и ликовите на неговите колеги од бендот. „Нема потреба да ни ги прецртува големите мајстори, eне ги во Националната галерија“.

Повеќето од нив се согласни дека Рони е „бескрајно подобар“ свирејќи гитара отколку свирејќи со четка. Но има и такви кои го користат моментот да иронизираат со ликовните „таленти“ на аристократијата, па велат дека неговите слики се сепак далеку подобри од акварелите на принцот Чарлс.

Да споредиме:

19 август 2020 - 20:21