таг: изложба

Ананас, анавас, сè е тоа уметност

Во име на добрата заебанција студенти прошверцувале ананас и го оставиле среде една уметничка изложба. Аха, луѓето најнормално поверувале дека се работи за еден од експонатите. Повеќе

Интерактивна изложба инспирирана од „Црно огледало“ во Лондон

„Во непознатото: патување низ научната фантастика“ ќе биде отворена во јуни. Се базира врз препоставката дека современиот живот сè повеќе наликува на дистописката серија на Чарли Брукер. Што би рекле во сараевска „Аудиција“ - ш’о претпоставка, чиста вистина! Повеќе

Пронајди го твојот древен двојник
Дали си римски атлет или грчка нимфа?

Интересна музејска идеја, која додуша може да повлече дискусии кои се прелеваат вон областа на физичката антропологија. На пример, кој повеќе личи на Аполон, просечен Бугарин или Македонец?  Повеќе

Запознајте го уметникот Еди Рама, премиер на Албанија

И покрај купот инфраструктурни, економски и други проблеми во Албанија, нејзиниот премиер наоѓа време и за сликање. Во моментов е во тек негова изложба во една од врвните светски галерии. Повеќе

Политика ли е?
Влакно во јајце...

Политика ли е ако напишам текст за тоа? Повеќе

Трибјут за Оскар Вајлд во затворот во кој минал две години

Затворот Рединг, откако е затворен од Министерството за правда во 2013, прв пат ги отвoра вратите за посетители. Овој пат за уметници и за публика, а во чест на еден негов некогашен жител.  Повеќе

Архива на многу лоши вицови за (нечии) мајки
Шо мајка ти?

Да е Цепенков жив на интернет би имал куп материјал за архивирање. Едни такви современи, американски „Цепенковци“ имаат направено изложба за вицови во врска со мајките од различни култури. А мајките, пустите, ни криви ни должни, во нив се и грди, и глупи и дебели.   Повеќе

Mитот за креативното лудило на Ван Гог
Нова изложба во Амстердам

Не дека славниот сликар немал психички проблеми, но тие не само што не биле извор на креација, туку му ја оневозможувале работата на подолги периоди. Нова изложба во неговиот музеј во Амстердам се обидува да прикаже една пореална слика наспроти онаа романтичната, според која за уметноста е к'смет да си луд. Повеќе

Голема фото-изложба на Уелбек во Париз

Неговиот последен роман „Покорување" (осврт тука) требаше да биде промовиран токму на денот кога се случи терористичкиот напад на Шарли Ебдо. Денес, кога сите го очекуваат исходот од можниот Брегзит, тој ноншалантно си отвара изложба. „Отсекогаш сум бил мајстор на тајмингот", вели со познатата камен-фаца. Повеќе