Jaдење книги 3

Книги од кои ви течат лиги

Во најава на третиот по ред Фестивал на јадење книги, кој ќе се одржи овој петок (19.4) во сендвичарата Пепер, секој ден до настанот ќе објавуваме по една книжевна гастрономија. Еве ја првата.

„Двајца помошници внесоа две огромни даски за сечење на средината на трпезаријата, ги заврзаа со ортоми, ја поставија камилата на огромната маса, донесоа ножеви и ја исекоа на половина со широки потези, а потоа секоја половина повторно на пола. Низ собата се се рашири прекрасна арома. Во секое парче имаше дел камила и антилопа, а внатре антилопата парче мисирка, а внатре мисирката малку риба и полнење oд кругчиња тврдо варени јајца...

Еден владин советник, добро познат епикуреец, беше толку вознемирен од камилата на скара што стана и почна да вика со израз на восхит на лицето. Но вкусот беше толку добар што дури ни тој извик не беше доволен, па тој изведе нешто што изгледаше како гимнастичка рутина, потоа почна да се удира по градите, и изеде уште едно парче месо намацано во сос".

(извадок од „Го служев англискиот крал" од Богумил Храбал)

Трејлер за истоимениот филм на Jиржи Менцл

15 април 2013 - 14:51