Интерактивна визуелизација на целата дискографија на Мајлс Дејвис

Целава работа околу визуелизација на различни видови податоци ни се гледа многу интересна - кариерата на уметниците, за кои и онака знаеме дека се значајни, добиваат уште поголема тежина кога ќе видиш колку и што сè работеле. И самиот Мајлс веројатно би бил задоволен од својот учинок, преставен на оваа огромна мапа. 

Majлс Дејвис во текот на неговата богата кариера соработувал со дури 577 колеги, и имал 405 снимачки сесии. Сега целата негова активност е достапна преку дигитална интерактивна мапа, која е ем прегледна, ем свири.

Херби Хенкок, Вејн Шортер, Чик Корија и Џон Меклафин - самите музички иноватори, кои го инспирирале Мајлс и биле инспирирани од него се појдовни, и буквални и фигуративни точки на патувањето низ неговото дело. Зипувајќи големо количество музичка историја која овие ликови ја создавале во многу концизна и атрактивна форма, Scaled in Miles всушност претставува огромна онлајн интерактивна дискографија.

Освен што може да се користи дигиталната варијанта, за 65 долари можете да си купите и голем постер кој ја претставува мапата, а кој личи на „Златната плоча" на НАСА. Ама оваа интерактивната е сепак поинтересна. Неа можете да ја истражувате тука

3 март 2015 - 12:25