Инструмент-Франкештајн

Гитара со триста чуда на неа

На сајтот на NPR често наидуваме на нам непозната, но многу интересна, често експериментална музика. Еве еден таков пример на Италијанец кој од неговата гитара има направено монструм.

Паоло Анџели (1970) растел на Сардинија, а неговиот прв музички ментор бил татко му, со кого почнал да свири гитара на деветгодишна возраст. Завршил наутика, но наместо да се занимава со бродови, тој почнал да експериментира со разни музички жанрови и да прави свои инструменти.

Од овој процес произлегло нешто базирано врз шестжичаната сардиниска гитара, во која се вградени повеќе инструменти и нешта кои навидум немаат врска со музика. Гитарата на Анџели е мешавина на виолончело, тапани, разни пропелери, жици од дронови, па дури и свирки од мобилен телефон.Еве ја како звучи на концертот на NPR. Кога прв пат ја видел во 2003, Пет Метини паднал во несвест и веднаш си побарал една за него.

A ова е преработка на песна на Бјорк - Desired Constellation. Колку и да ви звучи дека има додавано дигитални ефекти, човекот просто си свири на хм..акустична гитара.

 
20 октомври 2015 - 16:12