Елвис е жив!

Студентите од катедрата по етнологија и антропологија на УКИМ снимија неколку кратки филмчиња, кои ќе бидат промовирани во среда од 18 часот во ГЕМ.

Тука ви претставуваме трејлери од два од нив. Првиот е за Менде од битолскиот Баир, музичар кој не е просто имитација на Елвис, туку некоја негова реинкарнација. Вториот, „Coffee and Cigarettes" е за најважниот спореден пијалок на светот - кафето, и неговата другарка, цигарата.

2 април 2012 - 08:13