Џордан Питерсон како зол лик од „Капетан Америка“?

Во ново издание на стрипот на Марвел за Капетан Америка, неговиот постојан непријател Ред Скал изгледа како да ги промовира идеите од книгата на Питерсон „12 правила за животот“. Тој пак не е воодушевен.

Ново издание на „Капетан Америка“, том 9 број 28, напишан од познатиот новинар и автор Та-Нехиси Коутс, содржи верзија на злиот лик Ред Скал, десничарски водач на организација по име Хидра (во некои од стриповите и нацистички агент и протеже на Хитлер) кој се обидува да ги радикализира младите мажи. Тој им го кажува „она што тие отсекогаш сакале да го слушнат...дека се тајно брилијантни. Дека сиот свет е против нив. Дека ако се навистина мажи ќе возвратат. И дека треба да бидат подготвени и да умрат за тоа.“

Помеѓу неговите идеи некои препознаа асоцијации на книгата „12 правила за животот“ на Питерсон (и новото продолжение, „После редот: уште 12 правила за животот“), а кога го тагнаа во ваков пост неговиот одговор беше: „Дали навистина живеам во универзум каде моите идеи се дел од филозофија на архетипски зол лик?“, напиша Питерсон на Твитер. „Не е тешко да се биде шокиран од надреалноста на нашето време“.

Стрипот содржи претстави на мажи кои протестираат низ САД, носејќи ја маската на Црвениот скелет и американското знаме. И ова не е прв пат истиот лик да се користи во политички контекст - претходно (во 2019) анонимен твитер профил објавуваше цитати на Трамп вметнати во панели од стрипот.

Коутс е добитник на Националната книжевна наградата за „Помеѓу светот и мене“, напишана во форма на писмо до неговиот син тинејџер за реалноста на тоа да се биде црн во САД. Има пишувано за серијата стрипови Блек Пантер, а е еден од авторите и на филмот за Супермен кој треба да излезе наскоро. „Капетан Америка“ го пишува последниве две и пол години. До сега ја нема искоментирано наводната врска меѓу Питерсон и Ред Скал.

8 април 2021 - 09:09