Добредојдовте на островот „Ништо“

Нул ајленд е лоциран на нула степени географска должина и нула степени географска ширина, на местото каде се судираат примарниот меридијан и екваторот, на запад од Африка. Но со него има два проблема - прво, не е воопшто остров. Второ, иако името му е такво, сепак тоа не е „ништо“.  

„Островот Ништо“ всушност не постои. Тоа е фиктивно место на локација 0°N 0°E, чие име стои во картографските датабази за негово полесно наоѓање. Најблиското копно е на север, мал остров на територијата на Гана. Единствена ознака е една осамена бова на која има метеролошка станица, среде „ништото“ на Атланскиот океан. И покрај тоа што неговото постоење почнало како шега во рамки на заедницата географи, тоа има големи технолошки и социјални импликации. 

Имено, локацијата се користи од системи за мапирање за ловење грешки. Таквите искрснуваат кога некој артефакт е некоректно поврзан со локација од страна на софтвер кој поради различни причини не може да му додели геопозиција, и наместо тоа става г. ширина и г. должина од „0,0“ односно „Нул, нул“. Зборот се разликува во различни програмски јазици и во смисла на синтакса и во смисла на техничко значење, но основната идеја е дека она што е означено со него нема вредност, а тоа е така затоа што за него (наводно) нема информации. Дури не е ни нула, но исто така не е ни помалку од нула, затоа што негативен број е пак „нешто“.

Ваква грешка е забележана за време на американски избори од 2012, кога Бирото за статистика не обезбедило координати за населби во Висконсин, па тие биле обележани како „нул-нул“ односно „нема податоци“. Но глобалниот геолокациски систем поради ова ги водел како жители на Островот „Ништо“, што секако не е изборна единица во САД. Да не била грешката забележана на време тие не би можеле да гласаат. Големи проблеми има и со луѓе чие презиме е Нул, затоа што системот ги чита како непостоечки. 

Сепак, нешто што нема вредност често е многу различно од нула. Математичарите и филозофите од древни времиња се мачат со ова теоретско и практично прашање. Современите компјутерски инженери знаат дека нула-та е сепак нешто (најчесто 32 бита од нешто) и дека тоа е многу различно од претставување ништо. Затоа, следен пат кога ќе видите фотографија од журка на место кое е означено со null, тоа е можеби само нерегистрирано, а не дека забавата е на осамената бова среде океан. 

30 март 2023 - 07:56