Венера со ај-пад

Апдејтувани сликарски класици

За Ким Донг-Кју нема многу информации на интернет. Ако го гуглате најпрвин ќе ви се појави некаков јужно-корејски фудбалер, а дури потоа Тамблер на корејски илустратор и дизајнер со истото име. Негова специјалност - вметнување на современа технологија во најзначајните слики од историјата на уметноста.

Хафингтон пост, кој објави неколку од неговите слики, забележува дека понекогаш најреалистично направените уметнички дела имаат проблем да искомуницираат со современата публика, бидејќи во нив отсуствува физичката реалност карактеристична за нашето секојдневие.  

Како некој млад човек да се идентификува со спалната на Ван Гог кога во неа нема ни лаптоп ни бутур? Што друго би правеле луѓе на иста маса во кафана ако не да си гледаат во мобилните? Вака прилагодени славните уметнички дела на нивните конзервативни љубители може да им изгледаат вулгаризирано, но на други пак може да им имаат многу поголема смисла. 

„Нејзиното огледало" (според „Венера и Купидон" од Веласкез, 1647-51)

„Последниот корисник на 2G", (според „Тајната вечера" на Леонардо, 1495-8)

„Кога ќе видиш прекрасна глетка" (според „Талкач над морето од магла од Каспар Дејвид Фридрих, 1818)

„Неговата соба" (според „Спалната" од Винсент Ван Гог, 1888)

„Музика за сонување"(според „Сонот" на Пикасо, 1932)

„Не го земај ајпадот во када"(според „Смртта на Мара" од Жак-Луи Давид, 1793)

„Старец во тага“ (според истоимената слика на Ван Гог од 1890)

горе: „Жешка тема" (според Раѓањето на Венера, Александар Кабанел, 1863)

18 ноември 2013 - 16:13