Само за баба ти ми е жал

- кур ме боли за сите други од твојата фамилија!

Само за баба ти ми е жал
Ниеден од твоите дома никогаш не ме сакаше
Ниеден у пизду материну којзнае што лошо сум им сторил да си ебеш фамилијата
Само баба ти бог душата блага да и ја прости
Само таа ми отвораше врата и ми правеше друштво кога да те чекав ко Маргарет Тачер или ко државен секретар во ходник ил во дневна.
Другите се нешто имаа работа, а мислам и одвај името дека ми го паметеа
Само таа убава луда душа помлада пет пати одвнатре од нас обајцата.
„Ах сега таа леле мори мајко ќе се изначекаш бре кутро дете се тегне цела вечер ко змија,
Па да се нашминка па да се налицка па кај ми е ташната„
„Кај ќе ја носиш ? По кафани негде ќе ја шеташ?"
Само таа ме ме гледаше во очите, а не во кондурите или во кошулата
Само таа ми земаше да не ме одбива кога ја нудев со цигара.
Само таа одоколу ми наговараше „што ги дупиш овие важно ти да ми ја правиш нејзе среќна!"
Само таа ми велеше „леле колку убаво мирисаш леле колку ти е убава косата - блазе си и на внукава.
Потем само тивко ќе подиздишеше: „ах пуста младост да би пуста останала.."
Само пред нејзе не морав да ги кријам тетоважите и да стојам некултурно со раката во џеб или во август да носам сако или со долги ракави кошула кога идев да те земам од дома
Само баба ти знаеше како те гледам и на телото твое и на младоста како ти се радувам
Оти гледаше и таа дека убаво раснеш оти порно си и оти си убава и дека од нас може да излезат убави дечиња - имаше перде ама не и беше срцето слепо да си ебете сите глаата!
И страст знаеше што значи и мерак и севда
И само јас и се дивев дури ја зезавте сите вие што збришала на мотор со покоен дедо ти бегалка
Само јас и се смеев топло и ми се испушташе тивко „алал вера" кога ќе почнеше тоа да го раскажува и таа го гледаше тоа.
Најчесто кога ќе се скаравме знаев да се начукам и на сите другари да им ја ебам вечерта
Гнаса се правев бе гнаса
сељачиште што ја плеска по газ и ја провоцира Смртта да го гледа во очи ноќта.
Гајле ми беше за се што станало и кур ме болеше
сакав да си ја р'кнам низ прозор душата како шлајм во кој се измешала сета моја залудна љубов кон тебе и сета нежност како пукната флаша закачена во петица што ме болела.
Дури градот спиел...
Дури ти триста глупости си сонувала
нова гардероба, одмор на Санторини или друга ефтина среќа
Дури твоите биле на викенд во Маврово или негде на друго место у пизду материна
Јас сум бил до пола низ прозорот излезен надвор од кола


Дури ме крепеле и викале „фати го бе ќе падне надвор моронот
ќе не закачи во затвор сите четворица"
Звучниците од колата пукале и бујрум некој нека ја смени таа горко весела циганска музика
Од небото јас низ сета галама сум ја слушал баба ти како ми вели „не секирај се ќе ѝ помине те сака пиле таква е чурук табиет на мајка и цела!
Од небото јас сум ја слушал како те буди да ми се јавиш или те тера да ми пишеш порака
„Пиши му ќе го убиеш, пиши му го изгоре детенцето мори кучко една !"
И затворени ми биле очите
И распетие подигнати рацете
И жар и јаглен ми чадел низ носот од пожарот во градите
И ечеле триста труби и нашата свадба на јаве сум ја сонувал
На сите неродени дечиња од тебе јас очињата и гласовите сум им ги слушал и гледал
Дури ме држеле од позади за половината да не се бастисам од колата
И во рајот горко весела и била на баба ти душата
Оти си слепа се нервирала.
Оти те сакам повеќе од дедо ти нејзе - за тебе се радувала.
Ме милувала како ветер по образот и „јави и се утре не оставај ја без твојта љубов те молам" – ми велела
Со затворени очи сум и се насмевал и „Ќе и се јавам" сум и велел „само неможам вечерва ме боли неможам бабичке немам сила"
Со едната невидлива рака ме крепела под мишката да не паднам,
со другата некаде во рајот што те нема да ми се извиниш од нервоза лупала ракија..
Во такви ноќи што не сме заедно пцуела и во рајот и гнасо и пичко викала и по Бога...
Само за баба ти ми е жал - кур ме боли за сите други од твојата фамилија!

 

22 октомври 2013 - 09:03