Америка подготвена за празникот на демократијата

На ден пред изборите, Лос Анџелес е залепен со шпер плочи на излозите, за да не дојде до кршење и влегување во дуќани. Сликата ја посочи Џими Кимел, со очекувано погрешен наратив.

Кимел вика, колку во овие 4 години Трамп ја направи „America Great Again“, се гледа по тоа што продавниците карши нивното студио се излепени со шпер плочи на излозите на ден пред галасањето.

Каде е утната поентата? Студиото на Џими Кимел се наоѓа на Холивуд булевар каде што трајно се испишани огромни BLACK LIVES MATTER букви по коловозот. И таму никогаш не кршеле оние реднек балвани со AK47 во раце, туку баш оние на кои им е посветен натписот.

3 ноември 2020 - 13:12