Полска ода за скопскиот Санос

Полски ТВ прилог за она што таму уште го памтат како легенда на нивните патишта и друмови. Автобусите кои се правеа во Скопје, додека криминалот наречен „трансформација на општествениот капитал“ не реши поинаку. Во Полска имаме извезено неверојатни 3.500 автобуси (сега се фалат ако КУПАТ дваесет), кои со својот комфор и легендарна машинеријата (милион километри без ремонт) биле незамисливи за локалната конкуренција.

„Општо, од 1065 активни фабрики/претпријатија во тогашна Социјалистичка Република Македонија, успешно се приватизирани само 64, а единствениот што е осуден за мучкање и криминален стечај е Владимир Тамбурковски. Лепота.“, нè потсетува нашиот читател Даниел А.

19 јануари 2024 - 12:19