Таг: жонглер

Жонглер на денот кој заврши со жонглирање во карантин

Фудбалерите за време на короната се снимаат дома со топка, а навивачите обично пејат или пуштаат навивачки песни на балкон. Овој изгледа бајаги се има проценето, мислејќи дека спаѓа во првите. Карантинот од сега ќе му се одвива само на балкон.

Што сака прави со топка, само што не му ја даваат

Во Премиер лига забранија ракување, во Серија А се игра без публика, а и таму не се поздравуваат. Што денови дојдоа, човек да не смее веќе ни топка да фати од тоа проклетата корона. Ама па мајстор си е мајстор и без топка.

Грам респект да се немало

Сите ние познаваме барем по еден јак жонглер во маало кој броел до 100. Ама тоа обично го правел додека се загреваме за фудбал или серва. Ова е друго.

Чекај чекај, ај од почеток

Сè е ова нормално додека жонглира, а понатаму влезе во некој сосема друг левел на уличен фристајл кој не сме знаеле и дека е можно да се изведе.

Жонглер на денот на кој му треба помош

Детево е од Тајланд и жонглира на улица со тоалетна хартија за да собере пари за школување. Еден искоментирал дека е подобар од Ешли Јанг, вториот му вели: дојди во Бешикташ, а трет тврди дека има подобра контрола од Лукаку, Игуаин и Мората. 

Топката е поголема од него, ама ја владее

Што се вика уште моча во гаќи, ама со топка е бетер од возрасен. Како не го здоболи нога од жонглирање вака бос, нас видот ни се умори, а броењето ни се измеша од што го прави ова брзо. За малце не стаса до 100-ка, околу 90 треба да се. Ваљда.

Дете ти со топка да не се роди

Има таленти и таленти, ама вака на 8 години ретко кој може, особено рабона потегот па жбрц во канта.

Дете а да ти извадиме македонски пасош?

Ти само жонглирај, тренирај и кажи ни дека сакаш да играш за македонска репрезентација на позиција по твој избор, а ние ќе бараме македонски корени кај баба ти.

Браво бе бабе нè изнасмеа

Бараш од сабајле некоја зезалица за да ставиш на сајт, по можност да е смешна и ти улетува некој рандом клип со жонглирање од кој ти се разубавува денот.

Прав фудбалер жонглира со портокал, чорапи и тоалет

Кога го гледаш како го прави тоа лесно, ти иде да помислиш дека Нејмар може да жонглира и со тенџере.

Роналдињо може и со заврзани очи

Бразилскиот велемајстор од коло во коло правеше мали деца од противничките фудбалери, а во меѓувреме забавата ја продолжи на тренинзите.

Жонглерските способности на Стерлинг на 15 години

На 7 години од Јамајка дојде во Англија и почна да игра фудбал во школата на Квинс Парк Ренџерс. Замина за Ливерпул каде играше 5 години, а летово стана најскапиот англиски фудбалер во историјата откако потпиша со Манчестер Сити за 49 милиони фунти.

Како кучето мое нигде нема друго

Играта „да не падне на земја“ е омилена меѓу сите генерации и се игра на сите игралишта, но чудно е кога ја игра куче и тоа одлично.

Алексис Санчез жонглира со главица лук

Додека неговите колеги патуваа низ Европа на квалификациски натпревари, Алексис со Чиле играше против Бразил во Лондон. Времето го искористи и да покаже дека знае да жонглира со жаба, со грејпфрут, со мало топче и со лук.

Најстариот жонглер во Бразил

На Бразилците не дека требаше да им се случи Светско за да дознаеме дека сите шетаат по улици и плажи со топка. Овој мајстор убедени сме дека може да жонглира колку што има и години, а тоа се 87.

Баба ли е Меси ли е?

Откако децава не можеа да жонглираат повеќе од три пати, на сцена стапи супербабичка која почна да прави чуда со топката. Ликот не можеме убаво да и го видиме, а и според движењата тешко дека се работи за некоја баба.

Дебелкото жонглер

Во оваа тешка неделна вечер место да броите кој колку гласови добил во борбата за градоначалнички места, броите ги мајсторските потези на овој Велшанец кој е граден да биде сумо борач, а ги знае финтите на Роналдињо.