Таг: зграда

Во Тирана ќе се гради облакодер во форма на Скендербег

Со својот специфичен „орловски“ нос и големата брада, албанскиот национален херој, Скендербег, често е присутен на улиците и плоштадите на Албанија (а по него е именуван и плоштад во Скопје). Kралот-воин висок повеќе од два метри, борец против Отоманските Турци, е славен преку бројни споменици и рељефи. Во Тирана сега се гради облакодер во форма на неговиот лик. 

Кога Курт Вонегат постариот поместил цела зграда (сосе луѓе внатре)

Денес, кога на некоја компанија и треба повеќе простор таа се сели во поголема зграда, ја проширува постоечката или ја руши и гради нова и поголема. Но до сега не сме слушнале некој просто да ја помести онаа во која работат луѓето за да направи место за доградба.

Што знае динамит што е 118-метарска зграда

Зградата е изградена 1999, а срушена 2015 со 1,4 тони експлозив. Зошто некој би рушел нова зграда? Затоа што во овие 15 години никој не се вселил во нејзе, што според властите е премногу долг период за таа да може да се пренамени за нешто друго. Спаваш ли мирно Југобанка?

3 минути хорор, страв и ужас

Ако до сега немавте страв од висина, ова е моментот кога стравот ќе ви се ембедира во ДНК. Тројца момци и напуштена зграда во Мароко (или барем сите се на работа). Они може имаат нерви да го снимаат ова, ние не баш и за да го догледаме.

Најопасниот волеј на светот

Фудбалерите на Розенборг од Осло дошле на идеја да го изведат најзафркнатиот волеј удар досега. Се качиле на зградата Скандик Леркендал во близина на нивниот стадион, висока 74 метри и од таму нафрлуваат на момците кои долу на замрзнат терен чекаат волеј.

Љубовна песна за една модернистичка зграда на гитаристот на Смитс

CIS Tower е облакодер на улицата Милер во Манчестер. Изграден е во 1962, а со своите 118 метри е највисока деловна зграда во Велика Британија вон Лондон. Токму на неа Мар ѝ ја посвети песната „Динамо" oд неговиот втор соло албум, Playland.

Окупирај го БИГЗ!

Некогашната зграда на БИГЗ (Београдски графички издавачки завод), едно од најпознатите архитектонски остварувања на модерната на Балканот, е изградена во форма на буквата П, како имитација на машина за куцање. Најновите настани кои се случија во оваа зграда повеќе ѝ даваат облик на безбол палка.