Таг: волеј

Марјан Ибрахимовиќ од Удово

Стрелецот на голот се вика Марјан Костадинов, ама ние со целосно право му го сменивме презимето само за насловот кој го заслужи. Во македонската трета лига да ти има и какви голчишта на волеј. Младост од Удово против Спартмани од Градско Балдовци (3:1) и оној препознатлив коментар од трибина: То мајсторе.

Најјакиот гол од акција без да тапне

Некои акции едноставно не се повторуваат, па ако сакате соберете ги на куп сите најдобри екипи на планетава познати по тимски фудбал. Ваков цик цак не се вежба ни на тренинг, туку се случува еднаш во животот. Па ова е просто нестварно колку е добро. 

Лудачки волеј во Аргентина

Елиаз Гомез од Аргентинос Жуниорс покажа дека и тие балон топките знаат да бидат многу корисни во шеснаесетник. Ама треба да знаеш како да ги искористиш и да имаш малку Златан во себе. Феноменално изведено. Голманот споменик.

Од каде ја извади таа левица?

Покрај мајсторијата на Жиру со петица, доста фино голче, односно голчиште за издвојување од ЛЕ е и оваа бомба на Жил Диас од Олимпијакос на средбата со Динамо Киев.

Ман.Сити го прими голот на сезоната во Премиер лига

Готово е, трката за најдобар гол на колото, месецот и сезоната може да заврши. Манчестер Сити неочекувано денеска загуби на домашен терен од Кристал Палас со 2:3, а лудилото од волеј го даде Андрос Таусенд за 1:2.

Детево на време да го изнесете на прав пат

Со лева ја прими (ама внимавајте само како ја прими) и со лева ја даде. Ова не е талент, туку талентиште. Изведбава е неверојатна како за негова возраст. И уште ова: Не му ни тапна.

Оди дај ваков гол на 15 години да те видам

Не е ова У-16, У-18 или некоја друга младинска категорија, туку втора полска лига каде дете на 15 години по име Каспер Садлоха импресионира со приемот и волејот. Ова е лепота за гледање и веројатно тешко за изведување и за веќе зрел стрелец, а камо ли за дете на тие години.

Волеј на колото, ама со петица

Најатрактивниот гол за овој викенд според нашиот вкус е оваа фраерска петица во втората норвешка лига. Златан не смее да и најде маана.

Штом Федерер му аплаудираше потегот е посебен

Роџер Федерер во три сета го доби мечот со Данил Медведев на Мастерсот во Шангај. Потегот за кој сите зборуваат е чудесниот волеј на Русинот кој не само што успеа да го одбрани форхенот кој изгледаше неодбранлив, туку и да му го земе поенот. 10 пати го изгледавме видеово за да сфатиме дека топчето уствари прво тапка кај Роџер у поле. Страва.

Волеј на Ваљадолид кој газда Роналдо го чекаше на репетиција

Фудбалерите на Ваљадолил стигнаа до првата победа сезонава во Ла Лига откако синоќа го совладаа Леванте со 2:1. За издвојување е голчиштето на Начо Мартинез кој го постигна третиот гол на средбата и еден од најубавите на колото. Роналдо кој откупи 51% од акциите на клубот, го гледаше и на забавена снимка.

Спектакуларен гол на новиот шпански прволигаш

Хуеска е името на новиот и најмалиот шпански прволигаш во историјата. Игра на стадионче со капацитет од 5.000 седишта и е непоразен по првите две кола. Голов е бајат веќе три дена, ама не може да не се објави. Многу сме пропуштиле. Го постигна извезен Авила за конечни 2:2 против Атлетик Билбао. Секоја чест.

Парагвај нема видено до сега ваква волеј бомба

Треба да ти легне, ама треба и да те бива вака силно и прецизно да ја збибериш во агол од таа далечина. Величе на пример не можеше да ја добаци од таму, а Марио Рикардо душмански ја опали преку голман.

16 години од страшниот волеј на Зидан против Леверкузен

На денешен ден во 2002 година Зинедин Зидан му ја донесе на Реал Мадрид деветтата титула во Лигата на шампионите со еден од најубавите голови во историјата на овој турнир.

Волејот на Зидан во руска верзија

Кантемир Берхамов од рускиот прволигаш Арсенал Тула ја нема таа елеганција како Зи Зу, ама па успеа да го повтори тој гол од ЛШ финале 2001-ва, кој ретко се постигнува. Ем лоб, ем во агол, печен за кандидат за гол на годината во Русија.

Волејот на Ди Канио на кој се поклони цела Европа

Кариерата на Паоло Ди Канио во Премиер лигата ќе се памети по неколку негови белези кои ги остави на островот. Три од нив сигурно се туркањето на судијата, фер плеј потегот кога ја фати топката со рака и го прекина мечот и ова ремек дело кое се прави еднаш во кариера. Се случи на денешен ден пред точно 17 години на мечот Вест Хем - Вимблдон.

Станковиќ и Ноер во аматерска верзија

Бомбастичниот волеј на Дејан Станковиќ на мечот од Лигата на шампионите меѓу Интер и Шалке, го пронајдовме во една поинаква верзија, на поинаков терен и во поинаков ранг. Со оглед на околностите, не се лоши.

Ретко убав гол со волеј удар

Сикиру Олатунбосун е тешко име за помнење, ама уште потешко е човек сам на ваков мајсторски начин да си намести волеј удар. Се случи во Нигерија.

Најјакиот волеј во историјата на швајцарскиот фудбал

Рано е да трубиме за наградата на Ференц Пушкаш бидејќи годинава сега почна, ама ФИФА сигурно веќе ја прави компилацијата со можните кандидати за престижната награда. ФК Сервет е дел од швајцарската втора лига, а за ова извонредно двојно проигрување да знаеш вака добро да го завршиш, не ти треба само сила, туку и мозок.

Голчиште со асистенција на пречката

Тоа што го има како инфо за видеово е дека за работи за извесен Амир Мохра од клуб по име Тур Абдин кој е дел од 8-та германска лига. Но најавата воопшто не е битна кога се работи за анонимен лик, битно е да видите што му успеа.

Волејот на Ди Канио е тежок, на Марез му успеа од четврта

Генијалната мајсторија на Паоло Ди Канио датира од 2000 година додека играше за Вест Хем. Ја вежбаше Марез од Лестер.

Волеј на колото

Ремек делото овој викенд го има Барни, играч од ниските аматерски лиги кој така добро го изведе ова што ќе помислите дека гледате Премиер лига.

Екстраваганција на Пипо Инзаги против Барселона

На средбата од турнирот Трофеј Гамбер во 2010. година, Барса го пречека Милан, а дуелот го одбележа Филипо Инзаги со неверојатен волеј со лева.

Најопасниот волеј на светот

Фудбалерите на Розенборг од Осло дошле на идеја да го изведат најзафркнатиот волеј удар досега. Се качиле на зградата Скандик Леркендал во близина на нивниот стадион, висока 74 метри и од таму нафрлуваат на момците кои долу на замрзнат терен чекаат волеј.

Два волеј удари на колото

Првиот е бразилски, а го постигна Паулињо од Фламенго на кој му легна многу слатко. Вториот е естонски и интересно е што прво играчот ја штопна со глава, а потоа ја удри душмански.