Таг: винисиус жуниор

Му фали малку мозок на Винисиус а?

Винисиус Жуниор е станат тежок кавгаџија и силеџија на редова основа и за однесувањето треба да учи од ликови како Крос и Модриќ. Од злато играч за решавање натпревари се прикажува како недозреан, но и иритантен. Заспаа во ВАР, за ова се дава црвен.

Ново контроверзно видео на кралевите, овој пат од Винисиус

Не стивнуваат реакциите од хаотичното судење на мечот меѓу Реал и Алмерија кој домаќините го добија 3:2 после негатива од 0:2. Се појави нов клип кој предизвика многу коментари и на кој се гледа како Винисиус игра валкано со лакт. Од ВАР сигнализирале прекршок, но откако главниот судија побарал да провери, судиите во ВАР собата замолкнале.

Винисиус чувај си ги друг пат ваквите дриблинзи за дома

Бразил загуби за прв пат од Уругвај после 8 години, а Винисиус за момент ја загуби, односно ја заборави топката.

Цел Бернабеу му даде поддршка на Винисиус, од играчи до навивачи

Со головите на Бензема и Родриго, Реал Мадрид го совлада Рајо Ваљекано 2:1 во 36. коло од Ла Лига. Мечот мина во знак на Винисиус кој седеше во ложа.

Што сè се случи во 107 минутната тензија и драма на Местаља?

Расистички навреди, провокации, тегнење, удирање, црвен картон, ВАР и на крај победа на Валенсија над Реал. Во главна улога Винисиус кој го изеде најдебелиот крај.

Сити се пофали со две страшни интервенции на Вокер против Винисиус

Два дена откако малку спласнаа емоциите од врвниот фудбал на Манчестер Сити во средата вечер, клубот на Твитер објави видео со кое ја истакнува импресивната дефанзивна игра на Кајл Вокер против опасниот Жуниор. Човекот кој до пред некое време не беше стартер кај Пеп, се покажа како еден од најдобрите во двобојот со Реал.

Дуелот на Вокер еден на еден со Винисиус и коментарот на Анри

Ако Винисиус Жуниор во моментов е еден од најопасните, ако не и најдобар на својата позиција како крилен напаѓач по лево, тогаш што да се каже за дефанзивецот Кајл Вокер?

Што е со слаломов на Винисиус?

Најсветла точка во играта на Реал Мадрид кој синоќа беше понижен од Жирона со 4:2 е дефинитивно Винисиус Жуниор, кој покрај тоа што постигна гол, во повеќе наврати им го помати умот на противниците. Погледнете го ова соло сам против сите. Неверојатен играч и дефинитивно меѓу најдобрите во свет во моментов на таа лева крилна позиција.

Винисиус е неумен во последно време

Со одличните партии, асистенции, како и 22 гола, Винисиус Жуниор беше една од најважните карики лани во шампионска година на Реал Мадрид. Но кралевите сезонава го губат чекорот со Барса која им бега 9 бода, а Бразилецот кој по Мундијалот има само еден гол и четири жолти картони, демонстрира многу нервоза и предизвикува лутина во тимот.

Лудо полувреме на Енфилд, Винисиус врати со два гола, катастрофална грешка и на Алисон

Ливерпул и Реал Мадрид приредија уживање во првите 45 минути за сите пари. На брзите голови на Нуњез и Салах после 14 минути игра, Винисиус возврати со два комада за 15 минути. По киксот на Куртоа, слична глупост направи и Алисон.

Емоции, солзи и возбуда до небо за деби голот на бато Винисиус на Светско

Пред три години дебитираше за сениорскиот тим на Бразил. На 24 март годинава го постигна првиот гол на Маракана против Чиле на квалификациски меч за Светско. 22 годишната ѕвезда на Реал Мадрид синоќа почуствува што значи да се даде гол на Мундијал. Брат му плачеше од радост.

Цел Бернабеу аплаудираше на потегот на Винисиус

Што ти е Бразилец, со еден потег изеде двајца. Од времето на Роналдињо во Барса нема вакви дриблинзи.

Бензема му ја нацртал акцијата на Винисиус со која го елиминираа Челси

Ај што е подивен со голови и има импресивна бројка од 125 комада откако Роналдо си замина од Реал, туку и се враќа, брка, разигрува, асистира и им ги црта акциите. Хет-трик против ПСЖ, па хет-трик против Челси и на крај гол во продолженија на реваншот против европските прваци. Мали, слушај ваму сега како ќе ги елиминираме.

Како Винисиус им одговори на расистите во Мајорка

Со предност од +10 пред второпласираната Севиља, Реал Мадрид ита кон шампионската титула во Ла Лига. Синоќа ја совладаа Мајорка на гости со 0:3. Бензема повторно беше во елемент со два гола, а резултатот го отвори Винисиус, кој со танц им врати на навивачите кои го навредуваа по расна основа.

Винисиус си ги игра како сака

Пак ќе кажеме дека Европа е полна со јаки од генерацијата 2000-та. Винисиус игра веќе четврта сезона на Бернабе, каде одлично се кали. Сезонава му е најдобра на голгетерски план со 11 комада на 20 средби, ама и кога не дава голови е спектакл за гледање. Мечот со Атлетик го реши Бензема, а Бразилецот ги шина Баскијците.

Винисиус, дрско и бомбастично

Реал Мадрид се избори за голема победа со пресврт против незгодната Севиља и со тоа ја задржа предноста на лидерската позиција во Ла Лига. Голгетерското темпо со Бензема кој го постигна погодокот за израмнување, го држи заедно со него и Винисиус кој со бомба во финишот ги постави конечните 2:1.

Спектакуларен дриблинг на Винисиус на дербито против Аргентина

Бразил и Аргентина одиграа без голови во квалификациското соочување за Светско, резултат кој не ги потресува бидејќи и двете селекции патуваат за Катар. Нејмар го немаше на терен, ама имаше кој да му го повтори најатрактивниот потег во кариерата. Да му се поклониме на Винисиус за потегов.

Винисиус го збуни голманот речиси од мртов агол

Леванте и Реал со спектакуларни 3:3 ја затворија неделната програма во Ла Лига. Барди влезе во 78-ма минута и веднаш центрираше од слободен удар по што падна гол за 3:2, но Винисиус Жуниор беше во елемент и два пати израмнуваше во вториот дел.

Генијална асистенција на Крос до Винисиус за водство на Реал

Со головите на Винисиус и Асенсио, Кралевите имаат убаво водство од 2:0 против Ливерпул на првата четвртфинална вечер од ЛШ. Сите во Мадрид зборуваат за топката со очи која Тони Крос му ја даде на Винисиус. Преку цел терен го најде.

Реал потрошил 304 милиони евра за 6 играчи кои за 3 години дале само 35 гола

Реал Мадрид игра офанзивно најслаба сезона во последните 14 години. Тоа е сèшто треба да знаеме за нападот на „кралскиот тим“ кој делува просечно.

Ретко виден слалом од Винисиус за гол на Реал

За време на шампионскиот меч против Виљареал во минатото коло (2:1), Бразилецот Винисиус имаше бразилски слалом во стилот на Роналдињо, Роналдо и Кака.

Најинтересни моменти од ел класико Барса - Реал во Купот

20 дена ќе почекаме до реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ кој треба да биде пеколен. Синоќа имаше неколку интересни моменти.

Ќе го биде малиот

За сега има само еден гол на 10 настапи во Ла Лига, ама има потези кои ветуваат дека тие 46 милиони евра кои легнаа од Реал во Фламенго нема да бидат џабе. Му фаќа акалот уште на 18 години, погледне со какви два брзи потези ги направи мајмуни двајцава.

Вака ли се дебитира за Реал бе мали?

Винисиус Жуниор го одигра својот прв меч за Реал Мадрид на Интернационалниот Куп против Манчестер Јунајтед кој заврши 2:1 за англискиот тим. Големата бразилска надеж за која Кралевите извадија 45 милиони евра изгледа многу го гледал Нејмар. На 18 години од тебе се бара да се докажуваш, а не да паѓаш ко покосен, па дури и ако те допреле во дуелов.