Таг: вифи

Што е проблемот со ВиФи-то од рутерот

Сите овие години производителите како Линксис, Циско и Нетгиар, цело време се бркаат кој ќе може да пренесе побрз интернет, на поголемо растојание. Речиси сите игнорираат дека надвор од нивните лаборатории проблемот на луѓето е што одеднаш имаат цел арсенал од безжични уреди кои треба да се закачат на интернет.

Не беше Ленка родена за тоа пусто ВиФи

39-годишна Французинка доби право на месечен надомест од државата бидејќи не може да работи заради електромагнетска хиперсензибилност -  сака да каже алергична е на ВиФи. Од наша перспектива ова може да е прв чекор кон конечно воведување на бенифициран стаж за луѓе што сурфаат на интернет.

Лондон ќе вози на бесплатно ВиФи

Лондон ќе ја проширува својата мрежа на бесплатен ВиФи интернет, претворајќи ги градските таксија (оние црните) во подвижен ВиФи хотспот.