Таг: тобако

Филип Морис го возвраќа димот

Водителот на Last Week Tonight посвети цели 20 минути од неделната епизода на тутунските компании, особено пржејќи го Филип Морис заради неговите судски спорови со држави кои се обидуваат да го заштитат нивното јавно здравје. Компанијата му возвраќа со неколку линкови.

За чиста раса и бели дробови

Владите денес најнормално се поставуваат како дадилки во однос на своите граѓани кои кога треба да ги гласаат се богови ама веднаш потоа стануваат малоумници кои не знаат сами да носат одлуки за својот живот. Ваквиот патернализам во однос на цигарите и грижата за здравјето на нацијата први  го воспоставија нацистите.

Тајното потекло на семоќниот стрес

Денес стресот е главниот виновник за сите бељи кои недоволно ги разбираме или пак за кои ни треба алиби: од дебелеење до пад на имунитетот. А ако се трага по корените на неговиот волшебен статус и кај народот и во медицината (- Сè е до стресот. - Е, баш ви фала докторе), се доаѓа до еден покрив во Канада.

Големата преселба на адвокатите

Моќна група американски адвокати пред една деценија прописно ја растури тутунската индустрија заработувајќи за себе стотици милиони долари од успешните судски завршници. Во меѓувреме мораа да се задоволат со ситни победи во осигурителните, автомобилските или фармацевтските случаи. Сега го намирисале својот следен голем улов.