Таг: спортска програма

Интер – Селтик од 19:00 и Феенорд – Рома од 21:00

По дводневната доза со Лигата на шампионите, фудбалските натпревари продолжуваат со Лига Европа. На програмата има и европска кошарка и ски скокови.

Арсенал - Монако од 20:45

Фудбалската Лига на шампиони продолжува и вечерва, а покрај неа на програмата е кошаркарската Евролига, како и тенис во Дубаи и Доха.

Металург - Загреб во 18:00 и Ман. Сити - Барса во 20:45

Минатата недела се отвори ЛШ со првите дуели од 1/8 финалето, а вечерва елитното натпреварување продолжува со две мега пресметки. На програмата е и ракометната средба од СЕХА лигата меѓу Металург и Загреб, како и тенис во Дубаи.

Наполи – Сасуоло во 19:00 и Каљари – Интер во 21:00

Доколку не ви беше доста од фудбал викендов, вечерва на програмата имате уште четири фудбалски натпревари, а ако ви се гледаат само голови, имате спортски прегледи.

Работнички - Кожув од 20:30 и Милвоки - Атланта од 21:30

Покрај финалето од македонскиот кошаркарски куп, денес на програмата е последниот дуел на Металург од ЛШ, како и редовното коло во најдобрите европски фудбалски лиги и натпревар од НБА лигата.

МЗТ Скопје – Кожув во 17:00 и Рајн Некар - Вардар во 21:00

Спортската понуда во сабота е полна со фудбалски натпревари, а за љубителите на кошарката на програмата се двата полуфинални натпревари од македонскиот куп. Денеска има и ракомет, ски скокови и тенис.

Јувентус – Аталанта во 20:45 и Штутгарт – Борусија во 20:30

Како вовед на секогаш богатата спортска понуда за викенд, денеска имате за гледање четири фудбалски натпревари, тенис, ски скокови и меч од НБА лигата.

Тотенхем - Фиорентина од 21:05 на МРТ 1

По четирите натпревари со кои се отвори Лигата на шампионите, вечерва на програмата се враќа и Лига Европа. Четврток е предвиден и за кошаркарските купови во Европа.

МЗТ Скопје – Работнички во 18:30 и Шалке – Реал Мадрид во 20:45

Спортската среда го нуди градското кошаркарско дерби, како и два осминафинални натпревари од Лигата на шампионите.

Динамо Волгоград - ЖРК Вардар во 12:00 и Кил - Металург во 19:30

15. ден од февруари на програмата ги носи ракометните дуели на нашите претставници во Европа, фудбал од најдобрите европски лиги, како и кошаркарска АБА лига.

Вардар – Монпелје во 19:00

Спортската сабота е стандардно богата со фудбалски натпревари. За тие што сакаат да гледаат ракомет, Вардар игра претпоследно коло од групната фаза во ЛШ, а на програмата имате скијање и Ол стар натпревар во НБА.

Барселона - Виљареал во 20:00 и Челси - Евертон во 20:45

Спортската среда е резервирана за Премиер лига, куп натпревари во Франција и Шпанија и хокеј.

Ливерпул - Тотенхем во 21:00

По богатиот спортски викенд, нема пауза ниту во текот на неделата. Во Премиер лига се игра редовно коло, а доколку ви се гледа имате и хокеј и алпско скијање.

Вардар - Војводина во 18:30 и Металац - МЗТ Скопје во 20:30

Ако викендов не ви беше доста од спорт, седнете пред тв и денес. Вардар и МЗТ имаат натпревари во регионалната ракометна и кошаркарска лига, а има и фудбалски меч од Серија А, прегледи со голови и Светско првенство во скијање.

Атлетик Билбао – Барселона и Лион – ПСЖ во 21:00

Во неделната спортска понуда преовладуваат фудбалските натпревари ширум Европа, а за тие што сакаат повеќе кошарка ќе може да гледаат два меча од регионалната лига и по еден од македонската и НБА лигата.

ЖРК Вардар - Крим од 19:00 и Атлетико - Реал од 16:00

Спортската сабота нури три ракометни натпревари и многу фудбалски натпревари меѓу кои четири дерби средби.

Татран – Металург во 18:00 и Вардар - Мешков Брест во 20:15

Спортската среда ни нуди настапи на Вардар и Металруг во регионалната ракометна лига, како и неколку куп и првенствени фудбалски натпревари.

МЗТ - Партизан во 21:00 и Челси - Манчестер Сити во 18:30

Спортскиот викенд на ТВ нуди меч на МЗТ Скопје во јадранската лига, дерби во Премиер лигата, ски скокови и разновиден фудбал каде на сцена се враќаат Бундеслигашите.

Лајпциг – ЖРК Вардар во 19:30 и Шпанија - Франција во 19:00

Спортската понуда во петок делува доста богато. ЖРК Вардар се враќа на европска сцена во втората фаза од ЛШ, а на Мундијалот во Катар се играат полуфиналињата. Има и фудбал, кошарка и ски скокови.

Челси - Ливерпул и Милан – Лацио во 20:45

Во денешната спортска програма нема преноси од СП Катар, туку четири фудбалски натпревари од кои два се дерби средби во Италија и Англија.

Македонија - Словенија од 16:30

Денешниот ден е предвиден за балканското дерби за влез во четвртфиналето на СП во Катар, а покрај ракомет, на програмата има уште и фудбал и кошарка.

Цедевита-МЗТ во 17:00 и Лацио-Милан во 20:45

Спортската сабота нуди кошаркарски меч на МЗТ Скопје во АБА лига, настап на Војдан Стојановски во германското првенство, ракометен меч од СП Катар и многу фудбал.

Македонија – Австрија во 17:00

Спортската програма денеска го нуди решавачкиот ракометен меч на Македонија за второто место во групата на СП Катар, а потоа имате европска кошарка и фудбал.

Македонија – БиХ во 17:00

Македонската ракометна репрезентација го игра третото коло од Мундијалот во Катар, а доколку тоа не ви е доволно имате за гледање тенис, кошарка, фудбал и прегледи со голови.