Таг: сп катар 2022

Како Хрватите ја раскантаа Аргентина на минатиот Мундијал

На мегдан ја имаме првата полуфинална мега пресметка во Катар. Меч меѓу двата последни вицешампиони за кои само златото е опција. Дуел меѓу двајца капитени и легенди од кои едниот вечерва ќе мора да се соочи со мундијалски збогум. Меси има 35 години, Модриќ 37.

Стај си друг дрес будалче, глеј колку се

Аргентина ја елиминираше Холандија во четвртфинале, а Бразил е елиминиран од Хрватска исто така во четвртфинале. Со оглед на огромното јужноамериканско ривалство: 1. Зошто овој стои така гордо? 2. Добро помина.

А што бара па Хакими на каса во Мекдоналдс?

И сега кој е вистинскиот, овој на каса или тој во Катар што направи сензација со Мароко и стигна до полуфинале? Женскиве со право го закачаа, исти се.

Како во Гана ги анализираат натпреварите од Светско?

Видеото е од групна фаза од мечот Франција - Данска. Небитно. Она што фасцинира е колку се трудат да пренесат и доловат нешто плус од тоа што е само пренос на фудбалски натпревар. Кога кај нас ќе го сменат здодевниот концепт во студио кој се темели на сувопарен муабет? Погледнете го колку е внесен типот. Значи Гана.

Големото срце на Брозовиќ кој и помогнал на Македонка

26 годишната Стаменка Трповска поради проблеми со колкот морала итно да прави операција во Белград. Хрватскиот репрезентативец експресно го решил случајот.

Мангупскиот слободен удар против Аргентина, Вегхорст го реализирал и во Бундеслигата

Во 111 минута од мечот Аргентина - Холандија се случи нешто што Аргентинците ни на сон не го очекуваа. За егзекуторот тоа е веќе видена и вежбана работа.

Лука Модриќ е господин човек

Од целата мундијалска возбуда од викендов во која настрада Бразил кој според многумина беше фаворит број 1 за пехарот, го издвојуваме прекрасниот гест на Лука Модриќ кој ги тешеше Бразилците, посебно неговиот клупски колега, 16 години помладиот Родриго.

Франција оди во полуфинале, кобен пеналот на Кејн во 84-та минута

Аргентина - Хрватска и Мароко - Франција се двете полуфинални двојки на Мундијалот во Катар. Европската класика Англија - Франција му припадна на светскиот првак кој победи со голчиштето на Чуамени и незапирливиот Жиру кој живее втора младост на 36 години. Кејн шутираше два пенали. Вториот го упропасти.

Шансата на Роналдо во 91-ва и драмата на Мароко во 96-та еден на еден со голман

Мароко и Португалија одиграа содржински натпревар со многу шанси од кои падна само еден гол. Издвојуваме седум убави прилики од кои три во судиското продолжение. Роналдо имаше убава прилика за израмнување, а потоа Мароко испушти огромна шанса за да ја запечати победата на 2:0.

Мамо слегувај на терен да славиме, син ти е полуфиналист на Светско

Обично децата на фудбалерите ги гледаме со вакви ситуации, ама Софијан Буфал е цар и на терен ја викна мајка му за да ја слават оваа незаборавна сензација и историја за Мароко и Африка.

Тажниот мундијалски крај за Кристијано Роналдо

Иако изгледаше дека Мароко им е противник по мерка и ветуваа нова моќна партија после оние 6:1 против Швајцарија, сепак Португалците заминуваат дома, а Роналдо се збогува со неговиот петти и веројатно последен Мундијал во кариерата со многу тага и солзи. Една од ретки негови неславни статистики вели вака: 0 голови на нокат мечевите на СП.

Африканска историја во Катар, Мароко го испрати Роналдо во мундијалска пензија

Трет четвртфинален меч, трета луда драма со неочекувана завршница. Мароко ја победи Португалија со 1:0 и се избори за сензационално полуфинале, прво за една земја од Африка на Светско првенство. Кристијано Роналдо доби шанса во 51 минута и замина во соблекувална во солзи. Уште што ли ќе видиме на ова Светско првенство?

А видовте ли што им направи Бруно Петковиќ на Милитао и Маркињос?

На толку возбудавања, продолженија, пенали, емоции, солзи и радости, не смее да се заборави со каква бразилска мајсторија се соочија самите Бразилци. Џокерот на Далиќ и клупски колега на Адеми и Ристовски во еден момент си поигра со ѕвездите на Реал и ПСЖ.

A што ли ќе прават ако станат светски прваци?

Страста на Аргентинците за фудбал и оној култ кој го имаа развиено за репрезентацијата е нешто посебно. Погледнете ги овие сцени само затоа што поминаа четвртфинале.

Навивач на Аргентина кој повеќе не треба да се снима по дома

Нејасно е дали е ова од очај за голот на Холандија во 111-та минута или од радост за последниот пенал вреден полуфинале. Како и да е, ова требало да остане меѓу него и жена му. Или уште подобро и таа да не знае.

Голманот на Аргентина го пцуеше Ван Гал во фаца

Емилиано Мартинез е херојот на тешкиот триумф на Аргентина кој им фати два пенали на Холанѓаните и ги испрати дома. По завршувањето на мечот непримерно и некултурно му се истури на селекторот на Холандија, без да бира зборови.

Хрвати на кран се качија да слават

Хрватите се во транс откако на пенали ја елиминираа селекцијата која според многумина беше фаворит број 1 за светскиот трон. Најуникатната прослава ни доаѓа од Загреб. Ни пишаа дека ова не било кран, туку пумпа за бетон. Сеедно.

„Тоа е фудбалот“ со Златко Калински, гостин Васил Рингов

Во петтата емисија посветена на СП Катар 2022, која го освежи сиромашниот македонски спортски етер со интересни анализи и занимливи приказни и анегдоти, гостува легендарниот напаѓач Васил Рингов, инаку прв стрелец во историјата на Вардар. Од Загреб се вклучува Мрме.

Атрактивната Хрватица на интервју кај Пирс Морган

Навивачката атракција број 1 на Светското, Ивана Кнол која глава не може да крене од интервјуа и селфија, објаснува дали и било дозволено да шета разголена во Катар. Според тоа што го објасни, домаќините и закон прекршиле, само да биде облечена она како што таа сака, а и цел Катар. Инаку пред неколку дена се пофали дека дневно имала до 200.000 нови следбеници на Инстаграм.

Станојковиќ: На СП 1990 заминавме со проблеми на државно ниво, но покажавме дека никој ништо не ни може

Еден од двајцата Македонци кои со Југославија учествуваше на Мундијалот во Италија, во подкастот „Тоа е фудбалот“ со Златко зборува за државните проблеми и скептицизмот со кои биле испратени на Светско во тие турбулентни времиња последни за големата држава, која никогаш нема да дознаеме какви спортски успеси би редела во денешно време.

Емоциите на редар во Катар, кога Мароко ја елиминираше Шпанија

6 декември 2022-ра за Мароканците ќе остане историски датум поради победата над Шпанија и пласманот во топ 8 на кој за прв пат се радуваат на Светско. Кога Хакими го изведе решавачкиот пенал, овој човек, кој дел од редарската служба на мечот, не успеа да остане мртов ладен како тој до него. Причината е јасна, од Мароко е.

Ајде па биди дизајнер да те видиме

Бразил живее во голема еуфорија. На светско злато не се радувале од 2002-ра година кога блескаа Роналдо, Ривалдо, Роналдињо, Денилсон. Сега „кариоките“ имаат еднакво добар, ако не и посилен состав, па очекувано јавноста од нив чека пехар. Имаат рекордни 5 светски титули и сега дизајнерите се фатиле за тоа каде би ја ставиле шестата ѕвездичка на грбот?