Таг: слободен удар

Лудачкиот гол на Роналдо против Арсенал

Пред Роналдо и Меси во 2009-та да се сретнат во досега нивното единствено финално соочување во ЛШ, Манчестер Јунајтед во полуфинале за противник го имаше Арсенал. Неблагодарно е да се каже кој му е најјак слободен во кариерата.

Дане Жунињо Митрев од Неготино

Ни стига порака во сандаче со опис: „ГФК Вардар Неготино - Големо Коњари. Ремек дело за првиот гол“. Се разбира мора тоа да се види и објави. Вакви видеа сакаме ние, автентични, од нашиот нисколигашки фудбал кој има луѓе што го негуваат со душа и Твитер.

A евроголот на Лече против Наполи?

Двете победи по ред против Јуве и Сампдорија дефинитивно не се излез од кризата за Наполитанците кои вчера дома има нов кикс. Пораз од Лече со 2:3. Елмас не играше против суспензија, а Марко Манкосу го има голот на колото во Серија А. И неговиот тренер Фабио Ливерани се чудеше.

Едноставно ама генијално

И жив ѕид добро наместен и голман буцко кој им влета со клизачи, ама пак џабе. Дечкиве го вежбале ова, се гледа. Прејака комбинација им направија.

Несфатлив гол од слободен удар на кој и стрелецот се зачуди

Малку не потсети на оној на Роналдињо против Англија на СП 2002, ама не се баш исти. Дечково апла се гледа дека само ја нафрла и потоа не само коментаторот, туку и самиот се збуни што го даде. Инаку ова чудно ефе се случи во Англија.

Настапот на Македонија отсликан во еден слободен удар

Кога ќе пораснам сакам да шутирам како Роберто Карлос. Легендарниот бразилски бек се повлече пред пет години и сега може да спие мирно.

Мајсторија од мртов агол на Болоња за реми во 94-та

Пред месец и кусур Пауло Дибала на Атлетико Мадрид му даде ненормален гол од слободен удар. Мислевме дека долго време нема да видиме таков удар, ама 22 годишниот Рикардо Орсолини од Болоња го повтори денеска Фиорентина за конечни 1:1 во судиско.

Се сеќавате ли на овој катапулт?

За Александр Алиев се знае дека е најмладиот играч кој дебитирал во Динамо Киев со 17 години и 6 месеци, а неговиот тренер за него рече дека бил најдобриот изведувач на слободни удари во Европа.

Па дали е нормален каков слободен изведе Зиеш на Стемфорд Бриџ?

Не е нормален ниту голот, ниту аголот, ниту начинот на кој го изведе ова. Фацката што ја направи сè кажува. Арно ама има уште нешто.

Види ги ти курнази овие од Таџикистан

Таџикистан против Камерун на Светско првенство У-17. Уф како не влезе ова. Ама пак да пробате, супер ви е идејата.

Кико, дај му на Пјаниќ да шутира, ти си изгубил осет

Откако дојде во Јувентус, Кристијано Роналдо стана прв изведувач на слободни удари, пред Миралем Пјаниќ и Пауло Дибала кои шутираа во изминатите неколку сезони. До денес Роналдо извел 28 директни слободни удари и учинокот му е : 7 шута му одбраниле голманите, 2 завршиле надвор од рамките на голот, а 19 во жив ѕид.

Голман, ти не треба да браниш

Не знаеме кој го излажал голманчево од втората норвешка лига дека треба да брани. Чист промашај му е таа улога, кога го гледаш што може да направи во напад. Абе Жунињо го имате во тим, го запели другиот голман за статива.

Еврогол во стилот на Барди

Не за џабе го споредуваме голчиштево со наш човек, затоа што во шпанскиот фудбал токму Енис Барди знае вака да ја свитка. Во исчекување на неговото деби ремек дело за сезонава, да уживаме во она на Дани Парехо од Валенсија кој ги постигна конечните 1:1 во Мадрид.

Од каде ја извади девојко левицава?

За Михајловиќ, Роберто Карлос, Бекам и Жунињо некако ќе разбереме, ама дека женско стапало може вака дрско во агол од 40 метри, искрено не ни се веруваше. Запознајте ја Каталина од Колумбија.

Да не требаше да ја изведете или не?

Гранит Џака и Стефан Лихштајнер го направија најциркузантскиот слободен удар на денот, неделата и годината. Прво се збунија самите себе си, а потоа сите други.

Мангупска шема од слободен удар

Треба да ти текне, ама и да ја вежбаш и тоа веројатно не многу бидејќи изгледа проста како грав. Како и да е, голманот е 100% заебан.

Со далечински управувач да не е топкава?

Додека светот и по 20 години се занимава и се потсеќа на мундијалскиот проектил со чудесно ефе на Роберто Карлос, некоја слична верзија на таков слободен удар падна и во Бразил. Магијата е дело на Диего Соуза од Ботафого, во натпревар против Фламенго кој Фламенго го доби со 3:2.

Сите 77 гола од слободен удар на легендата Жунињо Пернамбукано

Светски рекордер по број на голови од слободен удар. Европа го запозна преку настапите за Лион каде летово се врати како помошен тренер на неговиот сонародник Сивлињо (да, левиот бек на Барса од времето). Па, дами и госпда, уживајте:

Како изгледа гол од паркинг плац?

Полуфинале на Куп на Малезија. Паханг против Перак. При резултат 2:1 во 93' минута, домашниот играч Херолд Марк Гулон мести топка на повеќе од 60 метри од противничкиот гол. Сите мислат дека ќе се обиде да центрира, а царот шутира и....

Хаити продаде штосен трик од слободен удар

Можеби ќе ве потсети на корнерот на Ливерпул во финалето на ЛШ, но сепак фората не е баш иста. Инаку ова е натпревар од Голд Купот против Бермудските острови, а шемава веројатно добро ја извежбале мангупиве.

Ремек делото на Барди прогласено за број 1 на сезоната

Ла Лига ги објави петте најјаки голчишта од слободен удар за сезоната 2018/2019. Сите се евроголови, ама има само еден победник кој се вика Енис Барди. Во сенка го стави и Меси кој држи трето место. Браво мајсториште.

Една од појаките финти некогаш изведени од слободен удар

Младинско Светско првенство У20 во 1995 година во Катар. Португалците Дани и Бруно Саиреш глумат караница меѓу себе за тоа кој да го изведе слободниот, а на крај голманот е матиран.

Комбинација која никој на планетава не ја очекуваше

Гурник Забже од Полска изведе слободен удар кој ниту го вежбале, ниту можеле да го извежбаат, бидејќи ова не се вежба, туку се случува чисто случајно или што би се рекло несакајќи.

Кој знае колку му се горди родителите

Класниот раководител да има посебен третман за детево и да го ослободува од часови кога и да посака. Значи никако замарање со хемија, физика или биологија. На детево му треба само топка, бидејќи планира да биде Дејвид Бекам или Жунињо.