Таг: слободен удар

Спиеш ли мирно Пушкаш?

Ако ФИФА има недостиг во изборот за најдобар гол на годината, нека се потсети на Филип Младеновиќ од Легија Гдањск. Што му фали на овој слободен удар?

Слободен удар кој камера не може да го следи

Топовскиот удар на колото ни доаѓа од Перу. Ја опали како Роберто Карлос или поточно како топка во живот да не видел.

А слободниот на Болоња го видовте?

Синиша Михајловиќ сигурно бил црвен од срам по 15 минути игра во Бергамо, ама без разлика на дебаклот не бива ако не му пружал рака на Рикардо Орсолини. Погледнете од каква позиција и даде гол на Аталанта. Секоја чест за левицава.

Креативност на денот на една будала по име Фалкао

Фалкао и Рикардињо се асоцијација за футсал. Првиот е пензиониран, ама тоа не значи дека не оди повеќе по сали. Го гледаш видеово и ти е непријатно за овие од жив ѕид. После голов требаше да напуштат. Реално.

И на Роналдо еднаш му стоеше еден човек на жив ѕид

На човек со 5 златни топки и 5 трофеи во ЛШ тешко е да му најдеш маана. Слободните удари уствари него му се далеку од маана, бидејќи ги гаѓа јако, ама на Мундијалот во Бразил кога се најде во една слична ситуација како вчера Пјаниќ, што да ви кажеме. Кристијано Шумуликоски.

Миралем Пјаниќ - Жунињо

Добро толку ли немаат акал Грците, па на Миралем Пјаниќ му ставаат еден човек на жив ѕид или еден ко ни еден? Остај тоа вие далеку е, нема шанси да ја даде од таму. Ова е за него пенал.

Како во Индија жените изведуваат слободен удар

Непал против Индија, жени. Добро лобот е толку добар или голманкава е висока 1.50? Како вака ја натскока топката кога не е излезена многу?

Спектакуларниот еврогол на Роналдо на кој Канизарес беше само гледач

Не е ова некој официјален натпревар кој има резултатска важност, ама затоа се работи за меч на кој Кристијано Роналдо го постигна еден од најубавите голови од слободен удар во кариерата. Можеби ќе се присетите на оваа бомба. Само 22 години има тука.

Сте го виделе ли Бојко Борисов како изведува слободни удари?

Остајте ги вие Пирло, Жунињо, Бекам и Синиша Михајловиќ. Треба да го видите премиерот на Бугарија да видите што е моќен удар. Роналд Куман не му е рамен.

Како да го ослепиш голманот, а голот да биде регуларен?

Не се Швеѓаните толку поштени колку што мислите, особено кога ќе видите со колку вешти измами се служат на фудбалот. Па уште им пројде бе ова и никој не се побуни. Како така?

Дежа Ву голчиште на Вилијан

На 4 ноември Челси играше против Динамо Киев во ЛШ, а вчера се сретнаа во ЛЕ. Вилијан имаше можност да шутира слободен удар на двете средби од речиси идентична позиција. Пронајдете ги разликите. Ние забележавме дека пред 4 години голманот барем се фрлил, а вчера остана како кип.

Велемајсторијата на Шене од навивачки агол

Кога последен пат сте виделе вака некој да си поигра со Реал Мадрид на Бернабеу? Кога последен пат сте виделе да примат голчиште од ваков агол? Она што го направија децата на Ајакс е сензација, а евроголов ќе се врти со години.

Изгласани нови фудбалски правила, нема веќе стоење во противнички жив ѕид

На 2 март меѓународниот совет на фудбалски асоцијации IFAB (организација која што се занимава со регулирање на правилата во фудбалот) се собрал во Абердин и утврдил неколку измени во правилата.

Кога ќе пораснам сакам да бидам Дел Пјеро

Десет години подоцна: Пораснав, ве молам избришете го видеово и вратете ми ја топката од кров, ветувам дека од утре само ќе бранам. Јас ќе ја залепат ако се дупнала од керамидите, без гајле.

Колку лудачки гол на Жунињо против Барса беше ова

Нема голман на кој не му прпаше кога Лион ќе добиеше слободен удар, ама и нема голман кој мислеше дека може од ваков агол да изведе вакво ремек дело. Па од тука обично се нафрла, ама така не мислеше богот на слободните удари и специјалист за сув лист, кој знаеше да распали од 40 метри.

Спектакукарен гол од слободен удар на Фиорентина

И покрај предноста од 1:3, Интер не успеа да слави на тешкото гостување во Фиренца кое заврши без победник. Слободниот удар на Луис Муриел za 2:3 е боли глава. Но во судиското продолжение имаше многу погрешна судиска одлука за 3:3.

Тврдат дека голов од слободен е најубав некогаш паднат на стадионот на Ривер

Во продолжение од аргентинската фудбалска лига, Ривер со 2-0 го совлада Расинг Клуб. Првиот гол кој го постигна Хуан Кинтеро, најдобриот фудбалер на „милионерите“ во моментов, е чудесија.

Мислевме дека само Роберто Карлос го може ова

Габон е афричка земја која се граничи со Конго и Еквиторијална Гвинеја. Таму се наоѓа Нзамбе, фудбалер кој најдобро има анализирано како Роберто Карлос изведува слободни удари. Идентичен топовски удар.

Е како бе му ја даде со тој фелш?

Тука реално им треба левак, некој заебан ко Синиша Михајловиќ или Александар Коларов, ама во аргентинскиот нисколигашки фудбал не мислат така. Гледајте и чудете се.

Добро го тоа мислеше, лошо го тоа направи

Легендарниот коментар на Таско, совршено ќе легне како наслов за овој обид за слободен удар на Јордан против Сирија, кој за жал остана само обид. Колку и да му беше лоша завршницата на кутриот Муса, пак да си пробате, бидејќи фората е супер.

Меси vs Јуве во слободни удари

Внимавајте на податоков. Лионел Меси во последниве четири години постигнал 18 голови од слободен удар. Само еден тим ја има таа бројка во истиот период од топ 5 лигите, а тоа е Јувентус, но со шест изведувачи. Барса синоќа го декласираше Еспањол на гости со 0:4, а Меси имаше не едно, туку две ремек дела од прекин. Гениј.

Аплаузи за ова голчиште на Трајковски

Македонската фудбалска репрезентација утре вечер со почеток од 20:45 ќе брка победа на гостувањето против Лихтенштајн. На еден од тренинзите пред мечот во Вадуц, видовме дека Барди не е единствениот кој знае да нишани во агол од слободен удар. Конкуренцијата доаѓа од напаѓачот на Палермо. Сакаме и на натпревар вака.

Крокодили, спуштени шорцеви, возови - кои се најнеобичните слободни удари?

Во последните неколку месеци видовме неколку ситуации во кои и оние кои го изведуваат слободниот удар и оние кои го бранат, смислуваат разни начини за постигнување на целта, а сè во склад со правилата.

Генијалниот левучар кој два пати го спасува Мурињо од слободен удар

Хуан Мата е човекот кој го врати во игра Манчестер Јунајтед на торинскиот стадион „Алијанц“. Во 86’ минута, штотуку влезен од клупата за резерви, постигна преубав гол од слободен удар.