Таг: слалом

15 години од чудесниот слалом на Јаница Костелиќ без стап

„Не можев повеќе да ги удирам колците со дланката, па продолжив со лактот. Тоа беше ужасна болка, на крајот врескав, но дојдов да скијам за вас“, изјави кралицата на скијањето која за осум години направи светска блескава кариера.

Па што ако играм во одбрана, сите ќе ве поминам

Никитас Николис е член на Олимпијакос У19 за кој сите зборуваа викендов во грчкиот фудбал, а има и зошто. Па не гледаме секој ден како некој понижува пола тим. Па уште и дефанзивец е, па зидановка на последниот и на крај имаше душа и за силен и сигурен удар. Браво дете.

Што направи детево бе, пола Јуве го издрибла

На прсти се бројат играчите кои можат вака дрско да му влезат со слалом на италијанскиот првак. Николо Ѕаниоло има 20 години и е голема надеж во Рома и италијанската репрезентација и тоа многу голема со оглед на начинот на кој игра. Немаа лек за соло продоров, па Де Лихт на крај мораше со бодичек.

Курт Зума во стилот на Турам на Градски

Кој има добра меморија ќе се сети како Лилиан Турам направи слалом од гол на гол на мечот Победа - Парма, кој се одигра во Скопје на 14 септември 2000-та. Не ја даде Турам, а ниту синоќа Зума против Ајакс, ама битна е желбата. Лампард со симпатичен осмех, демек леле леле што ќе беше ова ако влезеше.

Проблемот е што и на кров не ја нашле

Ја немало ниту кај Ѓоре во двор, ниту под кола, ниту кај пченките. Се претпоставува дека завршила во реката.

Од каде го извади Барса па ова дете?

Секој втор талент што ќе го извади во напад личи на новиот Меси, ама па овој не е како сите други, погледнете како ја осакати цела одбрана. Се вика Алекс Коладо, има 20 години и настапува за Барселона Б.

Ги изора како нива во Говрлево

Кога ќе рече некој слалом, се мисли на ова. Тргнуваш, ги проаѓаш сите со ред и влегуваш со се топка во гол. Ете така.

Кој сака нека дојде, сите ќе ве пројдам

Се вика Дани Мартин, игра футсал во Шпанија и кога ќе тргне од своја половина знае да влезе во филмот на Меси. На ваков гол, женска се фаќа.

Слаломот на Кака кога Меси голташе прашина

Кога Кака играше во топ форма беше мераци да се гледаат неговите игри за Милан и Бразил. Пазете каде ја прими и колку истрча, се разбира со завршница, а чувар Лионел Меси кој џабе се измори.

Уште малце ќе почнеше од публика да ги дрибла

Има фудбалери и фудбалери. Оние со мозок, брзина и техника налик Меси, кога ќе тргнат како локомотива нема рампа што може да ги спречи.

Меси запознај си го наследникот

Барселона славеше 4:1 против Борусија Дортмунд во осминафиналето од младинската Лига на шампиони, а голот на сезоната го постигна 17 годишниот Жорди Мбоула кој им го помати умот на двајца гостински играчи.

Фудбалерот на кој му здосади во одбрана

Џонатан Клаус има 33 години и е дефанзивец на францускиот третолигаш Авраншен. Со други зборови, човекот добил желба да се проба во напад и успева да држи инает 70 метри против сè живо што ќе му се појави на патот.

Муса Дембеле во Меси стил

Пред да заигра во Премиер лигата, белгискиот репрезентативец Муса Дембеле играше во АЗ Алкмар под водство на Луј ван Гал. Овој негов слалом од 2008-ма на некои играчи им успева еднаш во кариера, а други може да сонуваат за вакво нешто.

Голмански слалом на денот

Голманот на Сао Паоло, Рожерио Сени кој има постигнато 131 гол, има нов предизвик кој се вика Лаурент Монде и неговиот гол од 1989 година. 

Четвртолигашки слалом

Најубавиот гол на колото во Шпанија не го постигна Меси, Роналдо или Нејмар, туку Кубас кој игра во четвртата шпанска лига и кој го споредија со легендарниот гол на Марадона од Мундијалот во 1986 година.

Слаломот на Баркли

Фудбалерите на Евертон го наполнија Њукасл на гости со три парчиња, а големиот триумф го најави 20 годишниот Рос Баркли кој претрча повеќе од пола терен со топка и потоа имаше сила и да ја забие во агол.

Ристевски 29-ти на слаломот

Антонио Ристевски го оствари најдобриот пласман на Зимските Олимписки игри во македонската историја, завршувајќи на 29-то место на денешната слаломска трка во Сочи.